• Latest

Македонски филмови за „Оскари“: Дали на следната номинација ќе чекаме уште 15-тина години?

January 25, 2023

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Македонски филмови за „Оскари“: Дали на следната номинација ќе чекаме уште 15-тина години?

January 25, 2023 15:58
in АНАЛИЗИ, КУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СТОјАН СИНАДИНОВ

Американската академија за филмски уметности и науки (АМПАС) ги објави номинациите за наградите „Оскар“ што ќе бидат свечено доделени на 12 март во киното „Долби“ во Лос Анџелес. Научно-фантастичната акциона комедија „Сѐ во исто време“ („Everything Everywhere All at Once“) на Дан Кван и Дениел Шнејнерт (Dan Kwan, Daniel Scheinert) доби најмногу номинации, 11, додека воената драма на „Нетфликс“, „Сѐ е тивко на Западниот фронт“ („All Quiet on the Western Front“, според романот „На запад ништо ново“ од Ерих Марија Ремарк) на Едвард Бергер (Edward Berger) и драмската комедија „The Banshees of Inisherin“ Мартин МекДона (Martin McDonagh) освоија по девет номинации.

Меѓу насловите од комплетниот список на номинирани за награди се истакнуваат и канскиот победник „Триаголник на тагата“ („Triangle of Sadness“) на Рубен Остлунд (Ruben Östlund) – сатирична комедија која ќе атакува на главните „Оскари“ за најдобар филм, режија и оригинално сценарио – потоа биграфската драма за кралот на рокенролот, „Елвис“ („Elvis“) на Баз Лурман (Baz Luhrmann) кој доби осум номинации, „Фабелмансови“ („The Fabelmans“) на Стивен Спилберг со седум номинации… Во следниве месец и пол дена филмскиот свет ќе се занимава со прогнозите околу можните лауреати.

„Рол модел“ на македонски „оскаровски“ филм

Македонскиот кандидат за „Оскар“ во категоријата „Најдобар странски филм“ годинава беше „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, кој не успеа да влезе на потесната листа од 15 филмови од цел свет. Но, објавувањето на номинациите за „Оскар“ е уште една прилика да го разгледаме „рол моделот“ на македонски филмови кои успеале да освојат номинации за оваа престижна награда.

„Оскарот“ најчесто  се резултат на влијание, моќ, спогодба, кампања и лобирање, па и политичка (не)коректност, повеќе отколку потврда на квалитет. Како се снаоѓаа македонските филмови во тој маркетиншки вртлог?

Македонската кинематографија досега има забележано 4 номинации во три категории. „Дае“ на Столе Попов во 1979 година освои номинација за најдобар краток документарец. „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 година освои номинација за најдобар странски филм, а „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов во 2020 историски две номинации, за најдобар документарец и најдобар странски филм.

Вреди да се напомене дека „Медена земја“ е прв документарец со номинација во категоријата „Најдобар странски филм“ во историјата на доделувањето на наградата „Оскар“. Во сите три случаи се работи за млади, нови, тн. „freshmen“ автори во годините кога биле номинирани.

Бројките не мора да значат нешто, но во македонските аспирации за „Оскарите“ се забележува одреден циклус мерен во години, во кој се повторува успехот: „Пред дождот“ доби номинација 16 години по „Дае“, а „Медена земја“ четврт век по филмот на Манчевски. Во просек – успех на секое две децении.

Во портретирањето на македонски филм кој бил номиниран за „Оскар“ битна е силната меѓународна промотивна поддршка. „Пред дождот“ беше продуциран од страна на 11 продуценти, а добар дел од нив (Фредерик Дима-Зајдела, Чедомир Колар, Џуди Којнихен, Кет Вилерс, Дуња Клеменц…) беа во продуцентскиот тим кој со „Ничија земја“ („No Man’s Land“) на Данис Тановиќ (повторно дебитантски автор на игран филм) во 2002 доби „Оскар“ за најдобар странски филм.

Технологија на „оскаровска“ кампања

Во случајот на „Медена земја“ се работеше за worldwide независна продуцентска и дистрибутерска куќа NEON, формирана од Том Квин (Tom Quinn) и Тим Лиг (Tim League) пред 4 години. NEON за кусо време стана една од водечките независни дистрибутерски куќи, благодарејќи на искуството на основачите.

Почетоците на кариерата на Квин се врзани со продуцентската куќа „Семјуел Голдвин “ (Samuel Goldwyn Films) и „Магнолија“ (Magnolia Pictures), а потоа бил претседател на една од сестринските компании на браќата Вајнштајн (Weinstein Company specialty label Radius).

„Мирамакс“, компанија-мајка на браќата Боб и Харви Вајнштајн, на преминот на двата века беше една од најуспешните во освојувањето „Оскари“ пред Харви Вајнштајн да биде судски процесуиран поради десетина обвинувања за сексуални вознемирувања и силувања благодарение на движењето MeToo. Но, филмските хроничари бележат и дека пред дваесетина години челниците на „Мирамакс“ беа обвинувани за „непристојни притисоци“ на членовите на Американската филмска акадмеија кога се гласало за „Осакрите“. За една декада кој крајот на 90-те и почетокот на 2000-те „Мирамакс“ со нејзините наслови забележа скор од околу 240 номинации за „Оскар“ и 40 освоени статутки.

NEON е ориентиран на три вида филмови: наслови од неанглиско говорно подрачје, документарци и филмови со новитети во визуелниот и естетскиот израз. Квин бил на вистинското место каде што се „учи“ освојувањето „Оскари“, па во 2020 година имаше два фаворити: „Паразит“ на Бонг Џун-хо (Bong Joon-ho) и „Медена земја“ на Котевска-Стефанов. „Паразит“ беше победник на „Оскарите“ за најдобар филм, но беше и најдобар странски филм.

Македонската публика пред три години се надеваше на „Оскар“ во оваа втора категорија, но Квин и Бонг Џун-хо поодамна имаа соработка. Во секој случај, „Паразит“ освен четирите „Оскари“ освои уште 304 други награди (!) на филмските фестивали; неговиот буџет бил 11,4 милиони долари, а заработувачката во светот му е 263 милиомни долари.

„Медена земја“ во периодот од јануари 2019, по триумфот на водечкиот фестивал на независен филм во Санденс (САД), до септември 2019 година освои повеќе од 40 фестивалски награди, а паричниот бонус од тие награди беше поголем од буџетот на филмот. Вкупната заработувачка на светско ниво достигна 5,3 милиони долари.

Слично на ова, во оскаровската кампања на „Медена земја“ беа вложени повеќе пари отколку што чини неговата продукција. Самата номинација на документарецот „Медена земја“ во категоријата најдобар странски филм е преседан, и таму беше втор „пик“ на NEON. Во категоријата, пак, најдобар документарец немаше шанса со лауреатот „American Factory“  на Стивен Богнар (Steven Bognar) и Џулија Рејчерт (Julia Reichert), продуциран од брачниот пар Барак и Мишел Обама, чија тема за кинески сопственици на американска фабрика повеќе ги таргетира американските гледачи.

Колатералната добивка од „црвениот тепих“

Од друга страна, пак, „Медена земја“ како никој друг филм ги исфрли на површина сите креативци кои учествуваа во неговото создавање. Наградата на Здружението на американските кинематографери за Самир Љума и Фејми Даут, авторите на мајсторската фотографија во „Медена земја“ е повеќе од колатерална добивка од оскаровската кампања. Таа награда – една меѓу неколкуте признанија за нивната работа – ја добија неколку дена пред доделувањето на „Оскарите“.

Ако треба да се профилира македонски филмски наслов кој успева(л) на „Оскарите“, тогаш треба да се потсетиме дека на холивудскиот црвен тепих досега, освен режисерите, зачекориле само две дами од Македонија кои не се (или во тој момент не биле) „вистински“ актерки. Тоа се Лабина Митевска во 1995 година како актерка-натуршчик во „Пред дождот“ и Атиџе Муратова како лик од документарецот „Медена земја“ во 2020.

Кога се разгледува годинешната кандидатура на „Најсреќниот човек на светот“ на Митевска, тогаш неодминлив е впечатокот дека тој им припаѓа на корпусот на балкански филмови со (пост)воена тематика како „Пред дождот“ и „Ничија земја“. А во „аурата“ на филмот на Митевска како да лебди некоја идеја да ги обедини тие два продукциско-маркетиншки модели, македонскиот и босанскохерцеговскиот, во филм што би донел успех.

Минатата година, точно две децении по успехот на Данис Тановиќ со „Ничија земја“ на „Оскарите“, Јасмила Жбаниќ со „Quo Vadis, Аида?“ беше на чекор до посакуваната статуетка, освојувајќи номинација во категоријата Најдобар странски филм. Nota bene, и во БиХ кинематографијата постои тој временски циклус од две децении во кој се повторуваат успесите. Од друга страна, зад филмот на Жбаниќ стојат 22 (ко)продуценти, главно од европските земји! Кога веќе не резултирало со продукциски хаос, тогаш мора да резултира со успех.

Понатаму, „Quo Vadis, Аида?“ е „современик“ на „Ничија земја“: кај Тановиќ ја гледаме војната во судирот на двајва војници, српски и бошњачки, медиумски и логистички „покриена“ од меѓународната заедница. Додека, пак, „Најсреќниот човек на светот“, чија косценаристка е Елма Татарагиќ – таа е соработник на Митевска и во „Господ постои, се вика Петрунија“ (2019) и „Кога денот немаше име“ (2017); по нејзината интимна сторија е работен филмот – е проект дело на 8 (ко)продуценти.

Како и да е, убаво би било прочуената фраза “And, the winner is…”, која го обзнанува добитникот на „Оскарот“ во секоја категорија, наскоро да финишира со името и презимето на некој македонски режисер и(ли) продуцент…

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Tags: КУЛТУРАмакедонски филмовиМедена земјаноминацииОскар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ