Претставниците на граѓанското општество утре (среда, 7 јули) ќе учествуваат на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Црната пропаганда против граѓанското општество“ што ќе се одржи на 7 јули (среда), во хотел Парк Резиденс & Спа (зад фудбалскиот стадион) со почеток во 12 часот.
Учествуваат Горан Ризаов од Фондација Метаморфозис, Кочо Андоновски, ЛГБТИ Центар при Хелсиншки комитет, Павле Богоевски од Прогрес институт, Милан Спировски од ЗНМ, Марина Шкрабало и Иван Блажевиќ од Солидарна, Република Хрватска. Дискусијата е отворена и за други граѓански организации кои, по претходна најава, имаат можност за онлајн вклучување во дискусијата.
Кој и зошто организира и спроведува црни кампањи против невладините организации? Кои се мотивите, а кои се последиците од нападите против невладините организации? Тоа се главните прашања за кои ќе се дискутира на јавниот настан на ЦИВИЛ.
Настанот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ, а ќе се одржи без публика. Редакциите се добредојдени на настанот или да го преземат видео линкот од преносот во живо.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.
Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.