На социјалните мрежи кружи видео на кое се глада како македонски туристи во Кина се принудени да го тргнат македонското државно знаме кога обезбедувањето на Кинескиот ѕид наводно го помеша со знамето на изгрејсонцето на Империјалистичка Јапонија.
North Macedonian tourists in China forced to put down their flag when it was mistaken for Imperial Japan Rising Sun flag
byu/JetAbyss inPublicFreakout
Под видеата на социјалните мрежи има стотици коментари, кои најчесо се однесуваат на носењето на свои знамиња во туѓа земја.
Патував низ целиот свет. Ниту еднаш не помислив да носам знаме.
Малку е чудно да сакаш да го покажеш своето знаме во туѓа земја. Не разбирам.
Зошто би очекувале да знаат како изгледа северно Македонското знаме, и зошто некој само носи огромно знаме во други земји и позира со него на туристички атракции.
За да ја разберете чувствителноста околу знамето на изгрејсонцето во Кина, мора да го сфатите обемот на воените злосторства што ги изврши Јапонија.
Се сомневам дека е толку длабоко, отидов на историски локалитет во Кина и едно од правилата беше апсолутно никакви знамиња.
Чудно е да се мавта со знамето на една гигантска нација во друга нација, нели? Од дома да се купи и спакува знаме за сликање.
Но има и такви кои и тука видоа вмешаност на балканските политички односи.
Бугарската длабока држава работи прекувремено, воау.
Д. Мишев