• Latest

Македонскиот политички надреализам

October 19, 2018

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Македонскиот политички надреализам

October 19, 2018 11:42
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во ноќта спроти големата одлука во парламентот, пред и по прославата на петтиот роденден на „Слободен печат“ на чија екипа секој ден ѝ благодарам што постои, по долго време апстиненција од гледање ТВ, закачив две дебати. Една со Игор Есмеров, модерен и разумен политичар, малку познат на македонската јавност, а другата со Влатко Ѓорчев во кој уште еднаш го препознав дрското и грдо лице на режимот што падна на колена (и буквално, за време на антиреферендумската кампања на #Мицкотакис), но живее.

Џабир Дерала

Да, можеби ќе се зачудите, но јас навистина не гледам ТВ, а особено не дебатите. Повеќе од доволни ми се „Плусинфо“, „Слободен печат“ во електронско и печатено издание, мојот инбокс и извештаите од моите колешки и колеги од ЦИВИЛ.

Дента кога ѓаволот ја однесе шегата

Дента кога Талат одлучи да им даде време на „најадените и напиените“ парламентарци да одлучуваат и за други важни и неважни прашања за земјата, на скопскиот аеродром слета високиот американски функционер Метју Палмер. Во исто време, од скопскиот аеродром полета и ѓаволот и ја однесе шегата со својот „пајпер“ со руски ознаки.

Кога ја прочитав таа вест на агенциските тикери, не можев, а да не се опкладам со себеси дека за уставните промени сигурно ќе гласаат (барем) 82 пратенички и пратеници, ако не и повеќе. Но, нема да пишувам за тоа, бидејќи таквото писание има многу краток рок и ќе биде застарена прогноза додека стаса во печатница. Затоа, пак, уште денеска ќе тргнам пари на страна, за едно големо и убаво чоколадо. Ќе славам. Уште пред гласањето.

Решив денеска да не пишувам. Како тоа? Па речиси половина текст напиша, дај уште 10-15 реда и, ете, уште еден рафал, 185-ти по ред! Таман и доволно теми и поводи има – роденден на „Слободен печат“, Палмер слета, шегата одлета, а парламентарците ќе гласаат, па ќе одат на продолжен викенд на Халкидики, да го прослават денот на ВМРО…

Три во едно

Сепак, не. Нека помине овој викенд без мене. Нема зошто да се заморувам и себе си, а ни вас со моите размислувања, доживувања и емоции за македонскиот политички и социјален надреализам. Тие што ќе останат во земјава, нека спремат зелка, ракија и Цеца, а тие на Халкидики, си го знаат редот – ѕаѕики, узо и сиртаки, со лавовско срце во градите, за Македонија!

Нема што да пишувам. Македонскиот надреализам далеку ги надминува сите таленти и антиталенти за кои знам, вклучувајќи го и потписникот на овие редови. Што и да се напише, тоа е само копкање по површинската прашина, додека гнојот е на само два прста подолу.

Кога ги гледам настаните, си велам, не постои политичка комедија што може да биде толку урнебесно смешна како македонската политичка сцена. Но, освен комедија, животот на оваа земја би бил и одличен материјал за мега серија за организираниот криминал. И брутално реалити шоу. Три во едно.

Трагикомедијата на животот

И во трите случаи, тоа што вистински се случува во нашите животи е толку лудо, што гледачот на филм, серија или шоу за Македонија би коментирал дека авторот/авторката на сценариото ептен претерал/а, дека тоа што го напишал/а е невозможно. Ете, со тоа (невозможното) се помируваме секој ден, пред да легнеме во постела, прогонувани од сметки, немаштија и немир. Невозможна земја. Гротескна и комична. Тешка и напната. Грујовизирана, размицкена, разбачена, насолзена… Каде што идиотите газат сѐ пред себе и никој ништо не им може.

Затоа, денеска немам намера да напишам ниту еден ред. Затоа што веќе одамна ми се гади да пишувам за сите креатури што ни го загорчуваат животот. За гротескната варијација на „Тешкото“ во кое ороводецот оди чекор напред, а другите влечат десет чекори наназад…

Редно е да ве одморам и вас и себеси. Ова се само белешки за едно подолго писмо на помирување со (над)реалното шоу „Македонија“, помирување со трагикомедијата на животот што ни го загорчуваат антиталентите згмечени во и меѓу редовите на ова писание. Извесно е дека одлуките ќе се донесат и дека за влакно ќе се извлечеме, благодарение на помошта од надвор. Но… Колку и да имаме причини за олеснувачка воздишка, па и здравица, задоволството од ветувањата на иднината е замаглено од дамките што арамиите ги оставаат зад себе.

Среќен нека ви е денот на ВМРО. На тој датум веројатно и ќе се распадне ДПМНЕ. Празнично.

 

 


илустрација во прилог на текстот: H. R. Gigger – “Alien”

Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share30TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ