• Latest

Костовски: Македонските „објективни“ телевизии и случајот ТЕ-ТО

February 12, 2024

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Костовски: Македонските „објективни“ телевизии и случајот ТЕ-ТО

February 12, 2024 18:00
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Постоеше еден проект во времето на Груевски, со прашање за сопственоста замаглено до крајност. Се велеше дека инвеститорот е Русин, кој стопанисуваше со нашиот и онака редуциран гас што пристигнуваше од Русија преку Бугарија. Се однесуваше како недопирлив странец. Си ја нудеше струјата на пазарот и ние никогаш не можевме да сметаме на него. Го немаше ни во билансите“, вели Љубомир Костовски во анализата „Борба за затворено општество: Медиумски простор со еднонасочна идеолошка радијација“.

„Дали за оваа продавање на енергетската независност изјави нешто сегашниот главен критичар на енергетските проекти, проф. Константин Димитров? Не се сеќавам на такво нешто.

Но секако може да се насети кој навистина стоеше зад проектот ТЕ-ТО. Тоа е оној објект што требаше да ни донесе ладни радијатори онаа зима, кога на Мицковски не му успеа пучот во Парламентот со преземање на мнозинството во него.

ТЕ-ТО беше планот Б на Мицкоски во тој миг! Професорот, пак, иако постојано е во својот сектор, се вклучува со далечински управувач: има за него доволно планови. А и секогаш може да смета на македонските медиуми во густо напишан распоред на поддршка.

Владата на Ковачевски, во еден пресуден миг, го пресече прашањето на сопственоста, како Александар Велики Гордиевиот јазол. Сопственикот на ТЕ-ТО (кого никој не го запозна саглам) го остави изворот на топлината на скопјани без пари и гориво, ја загуби како објект кој заминал во непознат правец, па државата ја презеде во кус рок и го спаси енергетскиот биланс на земјата!

Нашите телевизии, без никаков исклучок, целосно ја игнорираа американската црна листа. Јасно, тоа за нив не беше тема. Имаше ли „кодови“ за да се испитаат мотивите во кроењето на тие листи? Па јасно, односот кон оние од листата е некаков микс од страв и чекање на ситни пари кои треба да ги добијат. Па и да не ги добијат, тука е клучната финансиска помош за партијата на Мицковски, тогаш кога треба. Се разбира, листата не е така куса. Но сѐ оди според логиката дека подобро е да се заборави темата, а во таа насока не е најдобро да се чепка во бизнисите на оние ликови кои дури и кога се скржави „добротвори“, сепак, се некакви добротвори.

Дневните примери се бројни, ако говориме за видливо сценарио на погодување на ќеифот на една партија и нејзината коалиција. Штрајкот на студентите, на пример, долго беше најавуван и тоа со измислена вест дека владата ќе воведе школарина за студентите на државните факултети. Тоа требаше да биде фитилот за да се предизвика незадоволство, како во времето на Груевски, кога причините за незадоволство беа повеќе од очигледни и реални“, вели Костовски.


Борба за затворено општество: Медиумски простор со еднонасочна идеолошка радијација

Tags: Љубомир Костовскиобјективни медиумиТЕ-ТО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ