„Само во Европа сите Македонци од Егејска, Пиринска и Вардарска Македонија ќе бидат во една држава, и кога ќе се сретнат во Рим, Берлин и Париз, слободно ќе речат дека се од Македонија!“ напиша еден граѓанин на инфо-штандот на ЦИВИЛ во општина Аеродром, кој е дел од проектот „Гласам, значи постојам“.
Проектот има за цел да да ги охрабри граѓан(к)ите и граѓаните да го остварат своето легитимно право на глас на претстојниот референдум. Проектот е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.