Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Софија истакна дека е за засилен стратешки дијалог со Западен Балкан и европска перспектива, но истовремено го повтори ставот дека проширување може да има откако ќе се спроведат неопходни реформи во Европската Унија.
– Не сум за тоа дека за ново проширување може да има пред да се спроведат вистински и трајни реформи, што длабински ќе го подобрат функционирањето на ЕУ, изјави Макрон.
Пред Самитот во Софија тој повтори дека е неопходно со многу „внимателност и строгост“ да се гледа на секое ново проширување.
– Треба да им се помогне на сите држави што се во процес на спроведување реформи и кои напредуваат кон Европа. Тоа е мој стратешки избор. Но, јас не сум за тоа да има ново проширување пред вистински и трајни реформи, што длабински ќе го подобрат функционирањето на ЕУ, изјави Макрон. (МИА)