• Latest

Макрон, во двочасовен телефонски разговор, го повика Путин да дозволи евакуација од Азовстал

May 3, 2022
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Макрон, во двочасовен телефонски разговор, го повика Путин да дозволи евакуација од Азовстал

May 3, 2022 22:47
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter
Францускиот претседател Емануел Макрон во двочасовен телефонски разговор го повика рускиот претседател Владимир Путин „да дозволи продолжување на евакуацијата“ од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, пренесува МИА.
Евакуацијата од тој објект во пристанишниот град во источна Украина мора да се случи „во координација со хуманитарните актери и дозволувајќи им на евакуираните да изберат дестинација, во согласност со меѓународното право“, соопшти Елисејската палата на денот кога руската војска започна нов напад на челичарницата од која, според Обединетите нации, досега се евакуирани 101 цивил.
За време на телефонскиот разговор, Макрон повторно „ја изрази својата длабока загриженост за Мариупол и ситуацијата во Донбас“, соопшти неговиот кабинет.
Макрон ја искажал и неговата континуирана достапност да работи на условите за решение преку преговори за да се овозможи мир и целосно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, обновувајќи го своето барање за прекин на огнот, јави дописникот на МИА од Париз.
Според соопштението на Елисејската палата, кое беше издадено по тоа на Кремљ, Макрон уште еднаш ја „подвлече крајната тежина на последиците од војната за агресијата што Русија ја води против Украина“.
Тој, исто така, ја изрази својата достапност да работи со надлежните меѓународни организации за да помогне во укинување на руската блокада на украинскиот извоз на храна преку Црното Море со оглед на нејзините последици врз светската безбедност на храната.
– Претседателот на Републиката ја повика Русија да ги исполни своите одговорности како постојана членка на Советот за безбедност, ставајќи крај на оваа разорна агресија, се наведува во соопштението.
Францускиот претседател ја искажал неговата континуирана достапност да работи на условите за решение преку преговори за да се овозможи мир и целосно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Макрон на крајот, како што се вели во соопштението,  „го обнови барањето за прекин на огнот“.
Претседателот на Франција телефонски разговараше со претседателот на Руската Федерација, во траење од два часа. Овој разговор доаѓа по телефонскиот разговор меѓу претседателот на Франција и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на 30 април.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ