• Latest

Максим Димитриевски, првиот градоначалник кој ја поддржа меѓународната повелба за граѓанско учество

March 11, 2018
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Максим Димитриевски, првиот градоначалник кој ја поддржа меѓународната повелба за граѓанско учество

March 11, 2018 13:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е првиот градоначалник во Македонија, но и многу пошироко, кој го стави својот потпис на меѓународната петиција за поддршка на Граѓанската повелба. Во кратка церемонија, пред почетокот на работилницата посветена на меѓусекторската соработка и партнерства за поддршка и примена на Граѓанската повелба, Димитриевски даде кратка изјава и го потпиша овој меѓународен документ со кој се реафирмираат човековите права и граѓанското учество во локалните, националните и глобалните процеси на донесување одлуки.

„Живееме во свет што оптоварен со големи проблеми, меѓутоа и со многу можности. Сакаме тие можности да ги искористиме. Сакаме да дојдеме до ситуација да ги реафирмираме човековите права и заедно со вас кои сте носители на власт, меѓутоа и со сите претставници на бизнис заедницата, невладините организации, медиумите и со сите заинтересирани граѓанки и граѓани да се обидеме да го направиме светот, а со тоа Македонија и Куманово подобри места за живеење“ – рече, меѓу другото, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, во своето обраќање до Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

„Голема чест и задоволство е да бидеме домаќини на една ваква иницијатива. Ви посакувам добредојде во еден од ретките слободоумни и слободни општини во Македонија, која во целиот период од осамостојувањето до денес, во континуитет се залага и се бори токму за истите цели како во овој случај ЦИВИЛ и оваа меѓународна иницијатива за промоција на Граѓанската повелба за поголеми човекови прав и слободи.

Граѓаните на Куманово се слободоумни граѓани и духот на Куманово се движи во таа насока. Со задоволство ја потпишувам Повелбата во име на граѓаните на мојата општина. Се надевам дека таа ќе резултира со давање на поголеми можности на граѓаните. Ние, како Општина Куманово, од нашите граѓани сакаме да произведеме активисти за поголеми права и за современо општество. А, во делот на заедничките заложби да ги чувствуваме како свои и да се бориме за постигнување на високи цели во сите сегменти на општественото живеење.

Тоа значи дека Општина Куманово ви стои на располагање во континуитет во вашата борба и честа е моја што ќе го потпишам овој документ во мое име, во име на Општина Куманово и во име на граѓаните“ – изјави Максим Димитриевски и ја потпиша својата поддршка за Граѓанската повелба.

Неговиот пример го следеа и сите учеснички и учесници на работилницата, членови на Советот на општина Куманово, претставници на граѓанските организации, медиумите и бизнис заедницата на Куманово, сите тие го ставија својот потпис на поддршка на Граѓанската повелба.

Претходно, граѓанките и граѓаните на плоштадот на Куманово, на инфо-штандот на ЦИВИЛ, се информираа за Граѓанската повелба, а дел од нив дадоа и свој потпис за поддршка.

Проектот „Граѓанска повелба – Што има тука за мене?“ продолжува во Скопје. Проектот е во партнерство и со поддршка од Меѓународниот центар за граѓанско општество со седиште во Берлин, Германија.

Текст и монтажа: Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов

Tags: граѓанско учестводемократијаМаксим ДимитриевскиЦивилчовекови праваЏабир Дерала
Share13TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ