• Latest

Максимално производство на домашна струја за пониски цени за граѓаните и компаниите

February 18, 2023
Петер Маѓар (ФБ)

Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

April 13, 2026
Џелал Хоџиќ

Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

April 13, 2026
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

April 13, 2026
Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

„Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

April 13, 2026

Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

April 12, 2026

Орбан падна. Кој е следен?

April 12, 2026

(ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

April 12, 2026

🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

April 12, 2026

95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

April 12, 2026

Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

April 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

    Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

    Рекордна излезност и поделени прогнози – неизвесна трка во Унгарија

    Затворени гласачките места во Унгарија: Почнува пребројувањето во неизвесна и историска изборна трка

    Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    Унгарија пред затворање на гласачките места: Рекордна излезност и неизвесна трка

    Велика Британија обучувала воени кадри од 14 држави од сопствената листа на ризични по човековите права

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Фото; Скриншот од АП видео

    Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Држава на условни права: Што се случува кога институциите ги газат сопствените договори?

    Илустрација: ВИ

    Правна битка во Брисел за македонските евроинтеграции – дали бугарскиот протокол е дел од ЕУ правото?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Крајот на „среќната глобализација“

    Кога никој не е виновен: Распрсната одговорност и ризиците во екосистемот на вештачката интелигенција

    Долгогодишно пријателство: Орбан и Путин (RIA Novosti / CC-BY-SA 3.0)

    ИЗРАЕЛСКИТЕ ЧУВАРИ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (2): Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ЕКОНОМИЈА

Максимално производство на домашна струја за пониски цени за граѓаните и компаниите

February 18, 2023 10:55
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Последните податоци покажуваат дека во месец јануари, за првпат во последните 15 години, од вкупните потреби на електрична енергија во земјава, дури 87% се обезбедени од домашните производствени капацитети, додека само 13% се обезбедени од увоз, за разлика од вообичаените 30% во просек порано. Ваквите резултати пред се се должат на заштедата на електрична енергија кај компаниите, институциите и домаќинствата, но и на зголемувањето на домашните капацитети за производство, објави Рацин.мк.

Владиниот советник за енергетика Виктор Андонов кажа дека домашното производство на електрична енергија е стабилно и во целост ги задоволува потребите на домаќинствата, малите потрошувачи, како и потребите за дополнителните снабдувања за училишта, прехранбената индустрија и други витални државни субјекти.

Тој потенцира дека Владата и во 2023 година продолжува со спроведување на планот за полесно справување со енергетската криза кој вклучува, зголемено домашно производство на електрична енергија и непречено снабдување на граѓаните со електрична и топлинска енергија.

Инаку, за првпат на петти февруари снабдувањето со електрична енергија беше целосно исполнето од домашното производство. АД ЕСМ тогаш произведе 20.926 MWh електрична енергија.

 Со тоа целосно со сопствена произведена енергија беа задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти. Според последните податоци од диспечерскиот извештај на АД ЕСМ домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени со електрична енергија од капацитетите на ЕСМ, истакнаа од компанијата.

РЕК Битола единствен капацитет на Балканот со резервен трансформатор

Државата ги ангажираше сите капацитети за домашно производство на електрична енергија, што придонесе цената на струјата да не се зголемува. Светската енергетска криза предизвика за првпат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, како што се трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со двата котли, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, да се во функција и да произведуваат енергија. Воедно ЕСМ успева да обезбеди струја за 100 проценти од домаќинствата во државата, како и евтина електрична енергија за училиштата, прехранбената и месната индустрија, јавните комунални претпријатија и болниците. Исто така, се регистрира и извоз на струја, што овозможува дополнителен девизен прилив.

Од 14-ти јануари година РЕК Битола започна да работи со целосен капацитет, односно со своите три блока. Новиот трансформатор за Блок 3 што го изработи „Астор“ е најсовремен и има загуби од 4 до 5 отсто, за разлика од стариот каде загубите беа 11 отсто. Покрај тоа, работи на променлив напон со што има поголема заштита од евентуални надворешни влијанија поради кои дојде до пожар во стариот трансформатор во ноември 2021 година. Стариот трансформатор, пак, во моментов е на репарација во специјализирана фабрика во Белград и деновиве треба да биде готов и транспортиран во РЕК Битола. Со тоа комбинатот ќе стане единствен во регионот кој има резервен трансформатор.

ТЕЦ Неготино пак, започна да работи со полн капацитет во декември минатата година. ЕСМ го вклучи во функција и вториот котел во ТЕЦ „Неготино“, и термоелектраната во моментот работи со полн капацитет. Вториот котел е синхронизиран на мрежа по сите протоколи на вклучување, односно по првично стабилизирање на системот со работа со еден котел. Согласно планот за производство, ТЕЦ „Неготино“ треба непрекинато да работи со два котли до крајот на април, кога веќе ќе биде завршена грејната сезона.

ТЕЦ Осломеј, како дел од рударско енергетскиот комбинат РЕК Осломеј, е втора термоелектрична централа според инсталирана моќност во Република Северна Македонија која своевремено учествуваше со приближно 10% во вкупното домашно производство на електрична енергија. Сепак, по настапувањето на енергетската криза, властите преземаа сериозни реконструктивни зафати за да може да испорачува енергија со полн капацитет. Од ЕСМ информираа дека изминатиот период во ТЕЦ „Осломеј“ се вршеле неопходните ремонтни активности, како и други помали зафати, сѐ со цел, како што велат, во текот на грејната сезона да има сигурна работа на термоелектраната. Па така, ТЕЦ „Осломеј“ во декември беше повторно вклучен на мрежа и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем.

Целта на зафатите беше да имаме сигурна работа на капацитетот во грејната сезона, бидејки станува збор за термоелектрана изградена пред 42 години, соопштија од АД ЕСМ.

Во меѓувреме, големо учество во производството на електрична енергија имаат и обновливите извори на енергија. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека АД ЕСМ од 2019 година почна да ги спроведува проектите од енергетската транзиција односно енергетската трансформација, но дека во меѓувреме се случи енергетската криза. И покрај тоа, како што кажа Ковачевски, во тек e реализација на 12 проекти од страна на АД ЕСМ, кои ќе донесат инсталирана моќност од 1760MW, што е повеќе од постоечката инсталирана моќност на сегашните капацитети на ЕСM, од 1420MW во моментов.

Во 2019 АД ЕСМ ја купи и ја стави во функција когенеративната гасна електрана КОГЕЛ од 30MW, во април 2022 година пуштена е во тест производство 10MW Фотоелектрична централа Осломеј-1, во тек е постапката за изградба на уште една сончева електроцентрала од 10MW во Осломеј, и на две фотонапонски електроцентрали од по 50MW, или вкупно 100MW во Осломеј, како јавно-приватно партнерство. Вкупно четири фотонапонски електрани од 280MW ќе се градат во РЕК Битола, исто така на локација на стари рудници, когенеративна гасна електрана од 250-400MW ќе се гради во РЕК Битола и ќе замени два блока од термоелектраната, истакна Васко Ковачевски.

Од друга страна, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека во мандатот на Владата веќе се инсталирани 27 мегавати фотоволтаични централи во државата, повеќе отколку што вкупно беа инсталирани за 11 години.

Владата е силно фокусирана на инвестициите во енергетскиот сектор кои ќе ја зголемат енергетската транзиција и независност. Следниот месец, во Собранието треба да се достават неколку закони за стратешки инвестиции, тие што беа прогласени во текот на претходните години. И тоа за ветерниот парк „Вирови“, од страна на германската компанија „Ви-Пи-Ди“, најголемата фотонапонска централа во овој дел од Европа, „СТИПИОН“ со капацитет од околу 400 мегавати, од реномираната француска компанија „Акио“. Неодамна почна со работа новата 17 МW соларна електрана, инвестиција која оваа Влада ја обезбеди на компанијата од Словенија „Ген-И“. Станува збор за најголемата фотоволтаична електрана во земјата, лоцирана во Свети Николе, рече Ковачевски.

Според него преку концептот на Стратешки инвестиции се обезбедени над 1000 мегавати во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи и тоа со реномирани европски компании.

Повиците за заштеда на струја дадоа резултат

Сепак, освен зголемувањето на домашното производство, властите апелираа и на заштеда на електрична енергија. Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, повиците вродиле со плод.

Домаќинствата ја намалиле вкупната потрошувачката на електрична енергија во јануари за 14%. Во согласност со информациите, вкупната потрошувачка на домаќинствата во јануари годинава изнесувала над 349 GWh (349.830.666 kWh), а истиот месец минатата година била потрошена поголема количина електрична енергија и таа изнесувала 408 GWh.

Од јануари, откако во сила е новата цена на електричната енергија, која за 99,2 % од домаќинствата е пониска, продолжува трендот на рационално користење на електричната енергија. Секој месец ги анализираме податоците и ги мериме ефектите од блок-тарифите. Во прилог се и временските услови, но факт е дека домаќинствата рационално ја користат електричната енергија, па, така, во јануари потрошувачката на домаќинствата е намалена 14 % во споредба со истиот период од минатата година, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Поради зголеменото домашно производство и заштедата на електрична енергија, властите очекуваат од јули да се намали цената на електричната енергија за потрошувачите, покрај фактот дека со воведувањето на блок тарифите цената на струјата е намалена кај 70.000 мали компании на регулираниот пазар, а 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

Tags: анализаекономијаенергијазаштедакомпанииМакедонијапониски цени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ