Медиа/Арт клубовите, вкупно 5 од различни градови во Македонија, се дел од програма на Младинскиот образовен форум во рамките на програмата Младински активизам, која започна од октомври 2017 и ќе трае до мај 2018. Во оваа програма може да учествуваат млади на возраст од 15 до 25 години од градовите во кои се реализираат овие Медиа/Арт клубови.
Овие клубови се наоѓаат во Скопје, Тетово, Велес и Струга и секој член на овие клубови има можност да посетува работилници каде што се учи како да се користат новите медиуми и техниките на уметноста. Учесниците на овие работилници ќе имаат можност да се запознаат со различни модули, како уличната уметност, фотографија, дизајн, перформанс, архитектура, филм и видео продукција, реупотреблив материјал, а времетраењето на еден модул е максимум 4 месеци.
Организацијата Младински образовен форум е поддржана од програмата на Civica Mobilitas.