• Latest

Малеска: Отворен е патот кон нормализирање на односите со Грција!

November 27, 2018
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Малеска: Отворен е патот кон нормализирање на односите со Грција!

November 27, 2018 14:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Моментот на совпаѓање на интересите на големите сили да го обезбедат мирот и стабилноста на Балканот, во кој претходно многу инвестираа и да го осигураат нивното присуство во регионот, наспроти моќта на Русија, среќно се совпадна со стратешките интереси на нашата земја да стане членка на НАТО и ЕУ. Како што кажа нашиот стар познаник од 2001, поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон: ‘Ѕвездите се наместија за Македонија’“, изјави професорката д-р Мирјана Малеска, на панел дискусијата „Губење на идентитетот, или…?“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Спорот за името го следам од неговиот формален почеток, кога Македонија се осамостои во 1991, по крвавото распаѓање на југословенската федерација, и побара меѓународно признавање. Веднаш моравме да се соочиме со реалноста на меѓународната политика, дека сојузите се формираат за да ги штитат интересите на своите членки. Таму каде што Грција членуваше, а тоа беа сите големи и значајни меѓународни организации, како Обединетите нации или Европската заедница, вратите за нас беа затворени. Најголем шок за нацијата, во првите години од самостојноста, дојде од Лисабон. Во Декларацијата од јуни 1992, членките на ЕЗ, зафатени со своите проблеми и без многу разбирање и знаење за нас, изразија подготвеност да нѐ признаат доколку во нашето име не е содржан зборот Македонија! Го надминавме овој страотен удар врз национално достоинство, за подоцна, со посредство и подршка на британската дипломатија, да биде изготвен компромисен предлог, Република Македонија (Скопје), кој влезе во собраниска процедура. Не издржавме во процесот до крај ниту ние, ниту Грците и по извесна конфузија во надворешната политика на земјата и разидување на нејзините тогашни создавачи, Македонија беше примена во ОН под привремената референца, FYROM. Бев во Њујорк во тој момент и ми течеа солзи радосниици а од друга страна, ми стоеше грутка во грлото заради неизвесноста: како ќе се одвиваат понатаму билатералните односи меѓу Македонија и Грција, бидејќи грчките националисти жестоко протестираа пред зградата на ОН“, потсети професорката Малеска на првите чекори од борбата за меѓународно признавање на Македонија..

„Во 1995 година, во моментот кога се потпиша Привремената спогодба сѐ уште бев во Њујорк и се израдував кога, за првпат претставниците на Македонија и Грција си подадоа рака. Сите кои се најдовме во тој момент таму и бевме дел од настанот, се фотографиравме заедно со насмеаниот Генерален секретар на ОН…“, рече Малеска.

„Зошто влеговме во конфронтација со Грција поставувајќи ги темелите на нашиот идентитет на, така да речам, туѓа и непријателска територија? Истакнување на симболите, како знамето од Вергина, спомениците на Александар и Филип, именување на улиците, училиштата, автопатот, спортските сали и други објекти според античките кралеви како, Александар, Филип или Аминта II, на пример, за кого немавме поим дека постоел, ниту пак ни беше грижа, е направено со намера да го покаже нашето античко-хелинистичко потекло, а со тоа и нашите претензии врз територијата на Егејска Македонија, што за Грција беше крајно неприфатливо. Зад оваа великомакедонска претенциозна политика, се собраа сите кои имаа лични мотиви да ја подржат….

Кои се последивите на оваа националистичка политика? Сите ги знаеме, горе-долу. Се создаде конфузија околу идентитетот, што значи да се биде Македонец. Општеството се подели на патриоти и предавници. Албанците беа крајно незадоволни од власт која употребуваше кон нив навредувачка реторика и не не им обезбедуваше европска иднина. Од тоа незадоволство се изродија радикални барања и се заостри до раб на конфликт, внатрешната поделба на прозападни сили, кои во име на иднината, се подготвени на компромис за името со Грција и оние кои се борат за status-quo и ја имаат подшката од Русија. Земјата предолго остана надвор од НАТО, доведувајќи ја во прашање својата безбедност, во моменти кога на Балканот сѐ уште има политики кои размислуваат за промена на границите. Стасавме до ситуација да се гледаме и други да гледаат на нас, како на земја без иднина, на раб на конфликт, земја од која сите што можат си заминуваат“, рече Малеска.

„Не ја идеализирам состојбата произлезена од Преспанскиот договор. Кога ќе се отвори расправа за промена на Уставот, секогаш се јавуваат нови оправдани а почесто неоправдани барања, па дури и уцени од внатрешни политички актери или од соседните држави, што може понатаму да ја дестабилизира оваа кревка држава. Сепак, Договорот од Преспа има силни спонзори, САД и ЕУ, така што се надевам, ќе го доведеме до крај процесот на уставни измени, додржувајќи се притоа на нозе. Би било полесно, кога има невреме, да сме обединети, но од опозицијата не доаѓаат сигнали дека е подготвена на соработка. Дебатата со Грците околу прагматичните прашање од Договорот, веројатно ќе биде долга и непријатна, но патот кон нормализирање на односите меѓу двете држави, да не гледаме едни на други како закана, е отворен“, резимираше професорката Малеска.

Изјавата на д-р Малеска е дел од проектот „Губење на идентитетот или…?“ кој ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува во соработка со Фондацијата „Хајнрих Бел“ од Германија. Ставовите на десетина експерт(к)и и креатор(к)и на јавното мислење за идентитетските и општествено-политичките прашања поврзани со процесот за надминување на македонско-грчкиот спор околу името деновиве ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Досега се објавени ставовите на Љубчо Георгиевски, новинарите Ѕвездан Георгиевски, и Синиша Станковиќ, на професорите д-р Мирјана Најчевска, д-р Катерина Колозова и д-р Сашо Орданоски. Ставовите и анализите за тоа што се добива, а што се губи со Преспанскиот договор ќе бидат објавени и во печатена публикација во декември.

Ангела Петровска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети

 

 

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Share44Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ