• Latest

Малолетнички бракови поради невиност, пари, бременост…

August 9, 2024

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Малолетнички бракови поради невиност, пари, бременост…

August 9, 2024 14:46
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред еден месец малолетничка од Куманово пријавила дека нејзиниот татко два пати ја мажел за одреден паричен надомест и кога дознала дека планира и трет пат да ја омажи побегнала од живеалиштето и го пријавила настанот во полициска станица. Ова е еден од ретките случаи кога малолетничките собираат храброст да ги пријават нивните родители или старатели.

Нема официјална бројка колку малолетнички бракови има во нашата држава. Според Државниот завод за статистика може да се види дека има стапка – Склучени бракови според возраста на невестата и младоженецот под 20 години. Во 2010 година имаше вкупно 230 бракови под 20 години, додека во 2023 имаше 112 бракови, што значи таа бројка дупло се намали.

УНИЦЕФ: Детските бракови ги лишуваат девојчињата од детство и се закана за добросостојбата и иднината на општеството

Детските бракови ги лишуваат девојчињата од детство и имаат штетни последици по нивното здравје и економски изгледи. Штетно влијаат врз развојот, пристапот до училиште и нивниот севкупен квалитет на живот. Кај девојчињата кои се мажат пред 18-годишна возраст веројатноста да станат жртви на семејно насилство е поголема, а веројатноста да останат на училиште е помала. Честопати тоа е тесно поврзано со раѓањето деца на рана возраст, со зголемен ризик од компликации за време на бременоста и породувањето.

„Иако оваа штетна пракса значително се намали во последната деценија, детските бракови и понатаму претставуваат проблем за девојчињата во Северна Македонија. Осум отсто од сите жени на возраст од 20-24 години во земјата се омажиле или почнале да живеат во заедница пред 18-годишна возраст. Уште позагрижувачки е што 45 отсто од жените Ромки на возраст од 20-24 години во земјата биле мажени или живееле во врска пред 18-годишна возраст, и 15 отсто жени од истата група биле мажени или живееле во врска пред 15-годишна возраст велат од УНИЦЕФ, по повод 8 март, Меѓународен ден на жената.

Законскиот праг за стапување во брак во Северна Македонија е 18 годишна возраст, но постојат исклучоци децата да стапат во брак со наполнети 16 години, но со одобрение од судот. Тоа доведува до правни празнини поврзани со детските бракови. Правото на „слободна и целосна“ согласност за брак е признаено во Универзалната декларација за човекови права, но прифатено е дека таквата согласност не може да биде „слободна и целосна“ кога страните се недоволно зрели за да донесат информирана одлука за нивниот животен партнер.

Здружение Инијцатива за правата на жените од Шуто Оризари: Специјалисти и забранија на малолетничка да абортира, пришто девојчето беше приморана да го роди бебето, па така го изостави и средното образование

Здружение Инијцатива за правата на жените од Шуто Оризари за ЦИВИЛ Медиа велат дека десет години спроведуваат истаржување за пристапот до услугите за репродуктвино здравје кај жените Ромки. Со самото истражување се води и податок за малолетнички бракови. Од Здружението велат дека досега немале пријави за присилни бракови, додека пак преку нивните теренски активности имаат сознанија за склучување на присилни малолетнички бракови.

„За жал откако ќе разговараме со лицата и ги информираме да пријават во надлежните институции тие не пријавуваат. Имавме случаеви на малолетнички кои питачат и ни изјавија дека со во присилен брак, но не сакат да пријават“, велат од таму.

Од таму додаат дека имаат одлична соработката со институциите и се во постојан контакт со социјалните работнички од Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК).

„Кога имаат малолетничка особено без лична документација (фантом лице) која е бремена тогаш веднаш нè контактираат за да може теренски да ги информираме родителите за потребната документација која треба да и се обезбеди на малолетничката. Кај малолетничките бремености се забележува дека се изостанува образовниот процес. Иако средното образование е задолжително голем број на ученици се „осипуваат“ односно го прекинуваат образованието без да пријават и најчеста причина е малолетнички брак/бременост.

Последниот случај кој го имавме за малолетничка бременост беше со недозволен абортус од страна на специјалисти. Со оглед на тоа што девојчето имаше здрава и нормлана бременост, а и помина временскиот период од плус два дена во кој се врши абортусот, докоторите не и дозволија да абортира. Девојчето беше приморана да го роди бебето, па така го изостави и средното образование“, велат од Здружение Инијцатива за правата на жените од Шуто Оризари.

Малолетничкиот брак се сведува поради традиционални вредности односно сочувување на невиноста. Сексуланото образование е од голема важност да го има во образовниот процес. Државата да обезбеди политики насочени кон млади како што се поголеми едуакции во јавното говорење, воведување на сексулано образование, бесплатна контрацепција и постапување на институциите во образовниот процес.

Од Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари додаваат дека бројката на малолтничките бремености е 4,9% од вкуната бројка на породени трудници односно од 15 до 19 години покажува истражувањето на Асоцијација на гинекилози, а согласно нивните информации оваа бројка е далеку повисока особено во руралните средини т.н. гето.

Меѓаши: Ниедно дете не треба да склучи брак, односно да биде во брачна или вонбрачна заедница до наполнување 18 години

Од Детската амбасада Меѓаши за ЦИВИЛ Медиа велат дека во своите годишни извештаи за работата на АлоБушавко – телефонот за деца и млади ги опфаќаат дојавите за сите видови на злоупотреба на деца. Согласно извештајот за 2023, на телефонот за деца и млади немаат добиено дојави за малолетнички брак. Додаваат дека Детската амбасада е 24/7 достапна за психосоцијална поддршка на децата и младите, вклучувајќи ги и децата жртви на малолетнички бракови.

Од Меѓаши велат дека и покрај малиот број на дојави за оваа проблематика споредбено со другите предизвици со кои се соочуваат децата, секогаш постои можност за подобрување на соработката со и помеѓу државните институции, особено во делот на мапирање на потребите на семејствата во ризик и трансгенерациската традиција.

„Повеќе од потребно е да се најдат и законски, но и акциски решенија за оваа категорија малолетници што се принудени да влезат во брак, да се преземат соодветни мерки и да се почитува правото на децата да пораснат“, велат од Меѓаши.

На прашањето дали постојат шелтери, односно згрижувачки ентитети за сексуално злоупотребените деца (од педофилија, до семејно сексуално насилство, до малолетнички бракови), од Меѓаши велат дека во моментов постојат шелтери за жени жртви од семејно насилство во Македонија.

„Истите се само ресурс, но не и решение на оваа проблематика. Освен што не треба да се враќаат децата жртви кај родителите/старателите, туку на истите треба да им се пружи дополнителна психо-социјална поддршка за полесно надминување на траумата со која се соочуваат, со што повеќе од потребно е воспоставување на еден мултисекторски механизам на држвните инситуции за оваа и многу други проблематики во кои се случува злоупотреба врз деца. Една од препораките на УНИЦЕФ токму на оваа тема е: „Воспоставувањето на мултисекторски механизам и вклучувањето на релевантните носители на одлуки ќе обезбеди заштита на правата на малолетниците во раните бракови. „Преку овој механизам би им се овозможило на мажите и на жените да го продолжат своето образование преку давање совети за брачни односи, имотни права и права за репродуктивно здравје“, велат од Детската амбасада.

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ со години вниманието го насочува кон проблемите што се појавуваат од малолетничките бракови и бракови под принуда. „Меѓаши“ смета дека треба да има измени и дополнувања во законот во Македонија дека ниедно дете не треба да склучи брак, односно да биде во брачна или вонбрачна заедница до наполнување 18 години. Дополнително, со завршувањето на задолжителното средно образование младите не само што ќе го прекинат синџирот на неписменост, сиромаштија и злоупотрба на трудот туку ќе им се даде и сериозна можност со едукација, барем да се намали бројката на малолетничките бракови. Токму затоа Меѓаши и во следниот период ќе продолжи со иницирање, апелирање и лобирање за влијанието и последиците врз децата жртви при склучување на малолетнички бракови, а во следниот период во соработка со општина Дебар ќе се одржат активности токму на оваа тема.

Северна Македонија ја усвои Конвенцијата на ОН за правата на детето, како и двата факултативни протоколи, и Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените каде експлицитно се забранети детските бракови. Исто така, со Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција) од државите се бара да ги криминализираат присилните и детските бракови.

Од УНИЦЕФ додаваат дека во завршните согледувања од 2022 година, Комитетот за правата на детето на ОН препорачува дека е неопходно Северна Македонија да „спроведе целни мерки за искоренување на детските бракови и за подигање на свеста за негативните ефекти од таквите штетни традиционални практики за децата, особено кај ромското население”. Ваквата ситуација повикува на поголеми напори со цел:

  • Да се зајакнат законите за да се отстранат можните правни празнини и да се обезбеди целосна усогласеност со меѓународните стандарди.
  • Да се продолжи со намалување на сиромаштијата имајќи предвид дека детските бракови опстојуваат поради сиромаштијата. Некои родители го поттикнуваат мажењето на своите ќерки со надеж дека бракот ќе донесе и финансиска и општествена полза, и истовремено ќе се намали финансискиот товар врз семејството. Да се потсетиме, 30 отсто од децата во Северна Македонија живеат под прагот на сиромаштијата и оваа стапка е двојно поголема во споредба со стапката на сиромаштија кај возрасните лица.
  • Конечно, потребно е да се оспорат и патријархалните ставови, односно, давањето приоритет на традиционалните родови улоги и честа на семејството за сметка на самостојноста и правата на девојчето. Одлуката за детски брак обично ја носат машките членови на семејството и тие очекуваат дека девојчињата ќе ја прифатат оваа норма. Неопходни се поголеми напори за заедниците да се вклучат во унапредување на добросостојбата и исполнувањето на потенцијалот на секое девојче, продолжување на образованието и способноста на девојчето да одлучи со потполна согласност за својата иднина.

Од УНИЦЕФ потенцираат дека инвестирањето во зајакнувањето на девојчињата и жените, нивното знаење, вештини и учество, како и работење со момчињата и мажите се покажа како најдобра пракса за искоренување на детските бракови на глобално ниво.

Прашања испративме и до ХЕРА и МТСП, но до објавување на текстот не добивме одговори.

Дехран Муратов
фото: Wikimedia commons

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ