Categories

МУЗИКА НА СЛОБОДАТА  Man In a Suit: Уметноста двигател на општествените промени

ЦИВИЛ Фест заврши со #FreedomConcert, на кој учествуваа и алтернативните музичари Man In a Suit. Во име на слободата, уметноста и човековите права низ поинаков тоналитет на она што младите го доживуваат во современото македонско општество на кое секојдневно му се потребни промени.

„Човекот како општествено суштество кое не може да живее сам во шума за да може да преживее потребно е да ги има основите човекови права. Тие му обезбедуваат нормално да функционира во едно општество, за да не се испотепаме меѓусебе. Значи потребни му се да ги има оние основни права за да преживее и да може да се развива во нормална единка што ќе придонесува за подобро општество“, изјави Дарко Медарски, гитарист и вокал на бендот.

Дарио Циевски, тапани (лево) и Дарко Медарски, гитара, вокал(десно) дел од бендот Man In a Suit

„Според мене улогата на уметникот да им го понуди на индивидуите во едно општество она што го немаат во самите себе. Мислам дека уметноста ни го дава она што треба да го пронајдеме и да го дополниме она што ни недостасува за да функционираме нормално во едно општество“, изјави Дарио Циевски.

Man In a Suit е бенд оформен минатата година. Се состои од Дарио Циевски (тапани), Теодор Јефремовски (бас), Кирил Тројачанец (сакс), Филип Методиев (гитара), Дарко Медарски (гитара, вокал). Својот звук го опишуваат како меланхоличен, широк и урбан.

ЦИВИЛ Фест,  дводневен фестивал,  организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода беше посветен на граѓанското новинарство и активизмот, како и на декември – месецот на човековите права, по повод Меѓународниот ден за човекови права и 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права.

Ангела Петровска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа, фотографија и обработка на текст: Биљана Јордановска

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email