• Latest

Манчевски: Главната борба против корупцијата е транспарентноста

July 10, 2020
Фото: Б. Тахири

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

October 9, 2025
Фото: Б. Тахири

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

October 9, 2025

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американците не ја сакаат Трамповата федерална репресија со Националната гарда, тој сепак притиска напред

October 9, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Манчевски: Главната борба против корупцијата е транспарентноста

July 10, 2020 11:50
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на тема како во борбата против корупција во администрација, особено во изборниот процес и што можат да направат граѓанските здруженија и граѓанките и граѓаните за депоартизација и професионализација на јавната администрација.

 

ЦИВИЛ  Медиа: Како граѓанките и граѓаните, како и граѓанските организации можат да придонесат во процесот на департизација и професионализација на администрацијата?

Манчевски: Неколку работи. Прво, нормално е да веруваме институциите да пријавуваат било каков чин на несоодветно однесување на неработење согласно законите. Граѓанските организации особено, и ни помагаат доста во целиот процес на подготвување на овие законски решенија, ние сето време бевме во консултација со нив. Имавме помош и од сигма, и од Европската комисија, тие целосно беа вклучени во пишувањето на овие закони. Имавме јавни дебати, се консултиравме итн. Магично решение нема, и ова ќе е процес (ок, некои работи за закони ќе ги решиме но…) на градење на нова политичка култура, и тука многу ќе помогнат, и со нивното следење, на тоа што се случува и на начинот на кој ги имплементираме законите. Ние, навистина, колку и да се понекогаш критички настроени  одредени извештаи на граѓанскиот сектор, ги очекуваме, и сакаме да ги добиеме и видиме, затоа што ни служат како коректив. Знаеме на каде треба да се фокусираме, и често заради можеби и пренатрупаноста со обврски и така натаму, не секогаш можеме да ги видиме сите работи. Јас често ова го зборувам, ние во јавната администрација особено, што се централната власт, и особено министерствата, од  динамиката на активностите ние немаме понекогаш ниту можности, ниту аналитички капацитети. Особено во делот на анализи, во делот на согледување на состојбите, ние ги користиме капацитетите на граѓанскиот сектор. И таа соработка е клучно да продолжи, не само во делот на анализата на состојбите туку навистина даваат и корисни и конкретни предлози. Не се согласуваат секогаш сите за се, еве во законот за висока раководна служба, ние имаме предвидено дека оваа предложена комисија за избор на висока раководна служба ќе ја бира Собранието. Не се согласуваат сите експерти со тоа што сметаат дека се работи за мешање на законодавната во извршната власт. Ова се добронамерни мислења, никој нема зла намера, туку сметаат дека треба да биде комисијата во извршната власт, за да бира високо раководна служба. Со други зборови тоа значи дека тоа треба да биде  комисија на Владата. Ама колку граѓанките и граѓаните ќе веруваат на процес во којшто комисија на Владата ќе си бира сопствени функционери…Еве ние сме можеби искрени, сакаме да направиме нешто, ќе дојде некоја следна влада, само не сега,  и ќе го злоупотреби. За среќа или за жал собранието е можеби единствената  институција во државата во којашто ги имаме застапени и сите страни од политички страни, но, е и место каде што се одвиваат и јавни дебати и консултации  сос сите заинтересирани и засегнати страни. И има некаков баланс, се друго е…нема да веруваат граѓаните. Мене ми е најлесно да ги прифатам приговорите, и критиките, дека оваа комисија за високо раководна служба треба да биде во владата, ама колку ќе веруваат граѓаните во искреноста на тој процес – тоа е веќе друго. Затоа велам, не секогаш имаме исти мислења но да, разговараме, се консултираме и таа дебата ни е многу важна.

ЦИВИЛ Медиа: Она што преовладува буквално во секоја институција и тоа нешто на  што работи го забележува Комисијата за  спречување на корупција, се токму тие коруптивни елементи од кои не можеме да се ослободиме, па тука неретко на тапет е и администрацијата. Колку такви случаи има, колку е застапена корупцијата во јавната администрација и како против тоа? Дали има злоупотреби  надвор од изборен контекст на јавни ресурси за партиски цели?

Манчевски: Главниот механизам за борба против ова е транспарентност. Тука се нормално инспекции и служби и така натаму, но јас цело време тоа го зборувам, дека ние не можеме да имаме толку инспектори, колку што луѓето можат да направат глупости. И за жал такви сме и како поднебје, не зборувам само кај нас, туку во овој дел на Европа. Меѓутоа со транспарентноста навистина направивме голем исчекор. И тоа е главниот механизам за борба против корупцијата. Мислам дека нивото на транспарентност, особено во Владата и министерствата е прилично е поголема од други институции. Ние тука имаме прилично голем исчекор, меѓутоа, следната фаза се овие органи од, ајде да кажеме овие државни управи, јавни претпријатија, акционерски друштва, значи на вториот ешалон на институции, но повторно под централната власт, и локалната власт. Граѓаните многу често, можеби почесто имаат комуникација и контакт со локалната власт отколку со централната власт. Секојдневни потреби, документи, комуналии и слично. Не ја следеше оваа транспарентност секаде, има исклучоци, и локалната власт, и токму ние во следната фаза во ширење на транспарентност ни е локалната власт, и другите институции на локалната власт. Со самото објавување на отворените финансии, секој граѓанин, во секој момент може да види секој денар што се троши од државниот буџет. Поголема транспарентност од ова нема, никаде го нема на светот, и колку повеќе луѓето знаат колку и како во реално време се трошат парите , толку е и помала можноста за корупција, затоа што е видливо. Не можете да правите работи коишто не можете да и ги објасните на јавноста, на крајот на денот, веднаш ќе бидете прозвани. И сметам дека само на таков начин, со отвореност, со транспарентност, со споделување податоци, со портал на отворени податоци, којшто треба уште повеќе да се полни со податочни сетови, на таков начин ќе ја сузбиеме и корупцијата, и нормално, треба да се оди што подлабоко  во системот за да не е можно и на некое ситно ниво да има корупција. Меѓутоа, повторно во комбинација со транспарентност, и повторно, граѓаните чувствуваат  доверба кога ќе пријават нешто, како вид на злоупотреба, често се рамнодушни – џабе и да пријавам, ништо нема да се случи итн. Но не е така. Ако  се процесира случајот, ако се пријави, нема така, поминаа времињата кога се ставаше во фиока, повторно ќе кажам транспарентно е се, и не може тоа да се случува. Меѓутоа, треба да работиме на двете полиња, и на таков начин да ја сузбиваме корупцијата. Но транспарентноста, па и новите технологии, еве објавувањето на се во реално време, трошоци на функционери, ако пијам кафе го пријавувам, така  што на таков начин можеме да ја сузбиеме корупцијата…

Обработка на текст: Дијана Тахири

Биљана Јордановска

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ