• Latest

Манчевски: Изборен модел само со консензус на сите политички партии

June 5, 2018
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Манчевски: Изборен модел само со консензус на сите политички партии

June 5, 2018 09:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претставникот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на тематскиот форум „Една година Влада – осврт на граѓанските организации“ во организација на Цивика Мобилитас ги постави прашањата, што ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, но и со догогодишно искуство во изборниот мониторинг, ја засега во интерес на граѓанките и граѓаните.

Прашањата ги одговори Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, кој заедно со премиерот Зоран Заев, беа задолжени на овој форум дополнително да придонесат за добра комуникација и соработка на Владата со граѓанското општество.

„Првото прашање на ЦИВИЛ се однесува на структурата на Владата, која на некој начин како да ја преслика структурата на претходната Влада. Дали имате план да ја намалувате, да биде помала, поефикасна и поблиску до она што го планиравте и ветивте пред изборите… Второто прашање е дали имате намера во наредниот период некако да се корегира родовата застапеност во институциите, однос да има 50или 51 посто жени што ќе бидат на раководни функции… Третото прашање е дали сè уште стоите зад идејата Македонија да биде една изборна единица“, беа прашањата што ги постави Џабир Дерала во име на ЦИВИЛ-Центар за слобода.

„Структурата на Владата ја отсликува комплексноста на состојбата во Собранието. Тоа беа резултати од изборите и бевме приморани на комромиси. Она што мислам дека е поважно за граѓаните е неколку има министри туку колку има институции и колку се тие ефикасни. Во тој контекст сме во финална фаза, имаме и драфт документ што набрзо ќе го објавиме да го коментија кој било… Во делот на  родовата рамноправност она што досега е постигнато е наш предлог и заложба како социјал демократи… Паритетот е сè уште предлог и е во програмата на СДСМ.Наш предлог е 50-50, но во моментот, искрено ќе ви одговорам, немаме поддршка и разбирање од другите политички фактори со кои ова заедно мораме да го постигнеме… Изборен модел, закон, мора да се направи со консензус на сите политички партии и тука немаме намера да се надгласуваме…. Ни сме за една изборна единица, да сакаме да ги слушнеме аргументите на домашната и светската јавност за и против, па зедно да донесеме одлука“, беа одговорите на министерот Дамјан Манчевски.

На тематскиот форум присуствуваа околу 100 претставници на граѓанскиот сектор чии прашања беа структуирани по области. Заев и Манчевски одговараа на прашања што освен за изборните процеси, се однесуваа и на родовите прашања, борбата против корупција, медиумите, финансирањето на граѓанските организации, како и за правата на лицата со попреченост.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Tags: Дамјан МанчевскифорумЦивика МобилитасЦивилЏабир Дерала
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ