• Latest

Манчевски се обрати на Европскиот форум за сајбер безбедност

October 29, 2019

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Манчевски се обрати на Европскиот форум за сајбер безбедност

October 29, 2019 16:02
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на Европскиот форум за сајбер-безбедност што се одржува во Полска, при што се обрати на панел сесијата: „Развој на сајбер-безбедноста: Рушење на глобалните препреки во сајбер-безбедноста“.

На прашањето посветено на дигиталната трансформација и можностите кои ги нуди дигиталната револуција, особено за бизнис секторот и кои се следните чекори што Северна Македонија ќе ги преземе за развој на сајбер-безбедност, министерот Манчевски се осврна на преземените мерки во изминатите две години, соопшти Министерството за информатичко општетсво и администрација.

-Како Влада, нашиот прв чекор е да создадеме предвидлива, стабилна правна околина за дигитализација, креирана со постојан дијалог со бизнис-секторот. Електронскиот идентитет е клучен овозможувач на дигитализацијата на владините услуги. Усвојување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, целосно во согласност со Регулативата eIDAS, обезбедува основа за работење на единствениот дигитален пазар и услови за усогласување на средствата за електронска идентификација. Ова ќе овозможи развој на пазарот на доверливи услуги, како и зголемување на довербата во електронските услуги. Со Законот за електронски услуги и електронско управување се регулира работата на органите на државната администрација во однос на размената на електронските податоци и документи и на имплементацијата на електронските услуги, кога тоа е предвидено со закон. Вториот чекор е промена на постојниот пејзаж, креирање и култивирање дигитална култура, истакна министерот Манчевски.

МИОА, како што наведува, ги доближува електронските услуги до граѓаните, преку обезбедување унифицирана платформа за заедничка автентикација, плаќања и доставување услуги за сите владини услуги, а тоа е националниот портал за е-услуги.

Манчевски подвлече дека за справување со сајбер-заканите кои се постојано во подем, секоја земја мора да ги насочи силите на пазарот преку мотивирање на приватниот сектор да направи динамична и континуираната инвестиција потребна за обезбедување разновидни мрежи на компаниите.

-Преку воведување регулатива и политики за заштита на критичната информациска инфраструктура, ќе ги обврземе операторите на ваквите инфраструктури, кои најчесто работат во приватниот сектор, да спроведат сет мерки за информатичка безбедност, со цел да ги заштитат нивните системи и мрежи. Во секој случај, очекуваме побарувачката за експерти за сајбер-безбедност во овие компании да се зголеми во следните неколку години, имајќи ги предвид глобалните трендови. Со ова, пак, ќе се креира побарувачка на образование за сајбер-безбедност на сите нивоа, не само во академска смисла, туку и преку обуки и сертифицирања за сајбер-безбедност. Затоа, зголемувањето на нивото на темата сајбер-безбедност во образованието, без оглед на тоа дали е формално или неформално, треба да е во фокусот на секоја влада која има за цел да ја развие индустријата на сајбер-безбедност, потенцираше министерот Манчевски.

Сајбер-криминалот, наведе, е глобален проблем и ниту една земја не е неранлива во тој поглед. Прекуграничниот криминал и отсуството на соработка се егзистенцијален предизвик.

– Во суштина, сајбер-криминалот зазема меѓународна димензија од два очигледни аспекти. Прво, сајбер-криминалот генериран во рамки на одредена држава неретко има сериозно влијание врз други земји и второ, сега е очигледно дека предизвикот со сајбер-криминалот не може да се реши ако државите дејствуваат самостојно. Исто како и загадувањето, една од најголемите закани за животната средина која нема граници, сајбер-криминалот не е ограничен со таканаречените географски граници. Софистицираноста и комплексноста со која се врши сајбер-криминалот е предизвик за сите службеници кои се задолжени за спроведување на законот. Поради тоа, мора да соработуваме на регионално и на меѓународно ниво за да се контролира прекуграничниот криминал. Во таа насока, соработката на светско ниво веќе не е избор, туку неопходност, рече Манчевски.

На панел сесијата се обратија и Јадвига Емилевич, министерка за претприемништво и технологија на  Полска, Кристофер Пејнтер, комесар во Глобална комисија за стабилност на сајбер-просторот и поранешен координатор за прашања од сајбер-областа во Стејт-департментот на САД и Мајкл Бем, извршен директор на Главната канцеларија за информациска безбедност, Група за контрола на ризикот, УБС.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ