• Latest

Манипулативни наслови за законските измени поврзани со платите

February 29, 2024
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС

Манипулативни наслови за законските измени поврзани со платите

Како обидите да се спречи зголемување на функционерските плати добија сосема поинакво значење?

February 29, 2024 17:12
in ДИСКУРС, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Ќе сменат шест закони за да си ги задржат високите плати“, гласи насловот на Слободен печат (објавен на 28.02.2024). Насловот е манипулативен. Зошто?

Претходно, пратениците на СДСМ, при поднесувањето на законските измени истакнаа дека целта е: да се спречи зголемувањето на функционерските плати, кои беа зголемени за 78 проценти во март минатата година, што беше последица од одлуката на Уставниот суд кој ја укина фиксната основица и на тој начин обезбеди автоматско покачување на платите на дел од функционерите.

Од споменатиот наслов не може да се добие информацијата дека, доколку не беа усвоени законските измени, платите на 1.060 избрани и именувани лица (пратеници, министри, судии, градоначалници и други) ќе беа зголемени за 300 до 400 евра, за разлика од сега кога функционерите ќе добијат минимално зголемување до 500 до 2.000 денари, откако пратениците – и од власта и од опозицијата – едногласно ги донесоа законите за намалување на коефициентите за пресметка на платите.

Претходно истиот медиум објави уште еден манипулативен наслов: „Платите на функционерите ќе се зголемат до 200 евра, законските измени нема да ги намалат, а ќе им остане и ланското зголемување од 78 отсто“.

Сепак, потоа е коригиран насловот во: „Платите на функционерите минимално ќе се зголемат, законските измени нема да ги намалат, а ќе им останат и 78-те отсто“. Сепак, пермалинкот остана со првичниот наслов.

Истиот текст од Слободен печат со наслов: „Платите на функционерите ќе се зголемат до 200 евра, законските измени нема да ги намалат, а ќе им остане и ланското зголемување од 78 отсто“, го пренесе Инфомакс, и сè уште стои на нивниот сајт со истиот наслов.

Манипулативни се и насловите на Фактор: „Платите на функционерите ќе скокнат за плус 400 евра“; Република и Вести.мк (кои го избришале текстот, но тој стои во пребарувачот на Гугл): „Растат платите на функционерите!“; 24.мк: „Покачување на функционерските плати за уште 400 евра“; Плусинфо: „ДОБИЈА ПОКАЧУВАЊЕ ОД 78%, СЕГА ПЛАЧАТ ЗА УШТЕ 15% Платите на функционерите ќе замрзнат ама со вклученото зголемување“ и други.

 

1 of 5
- +

Некои од нив подоцна објавуваат нови текстови со наслови кои се поблиски до фактите, но не ги информираа своите читатели за претходните недостатоци во насловите.

Вицепремеирот Фатмир Битиќи, нагласи дека вака предложените измени се најдоброто решение во моментов, бидејќи досега неколку пати се дискутирало и се предлагаа решенија, но нема согласност од сите министри за намалување на нивните плати. Според него потребна е целосно нова методологија.

ЦИВИЛ Мониторинг тим

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ