ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија, партиски послушници и одредени медиуми и Фејсбук страници тврди дека Стевчо Јакимовски бил „кандидат на СДС(М), Зоран Заев и Венко Филипче“ за Општина Карпош. Ова е невистина и манипулација.
„Не може да му се верува на Стевчо Јакимовски, кандидат на СДС, Заев и Филипче, зошто исто како неговите поддржувачи, а зине а лаже, а вети нешто, не исполнува“, се вели во дел од манипулативното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Факт е дека Јакимовски е лидер на партијата ГРОМ и настапува самостојно или во коалиции. Иако во минатото бил дел од СДСМ и извршувал високи функции, тој никогаш не бил кандидат на СДСМ во периодот кога се однесуваат овие обвинувања, ниту пак бил поддржан од Заев или Филипче.
Пропагандната Фејсбук страница „Дебакл“, блиска до ВМРО-ДПМНЕ, дури објави спонзорирано видео со лажен коментар: „Криминалецот Стевчо Јакимовски кој е кандидат на СДСМ на Заев и Филипче, не може и не смее да биде градоначалник на Општина Карпош! Неговото место е во Идризово!“
Порталот Плусинфо, кој го сподели и порталот Радио Лидер, направи анализа со прашање – дали Јакимовски е кандидат на СДСМ?
Со вакви дезинформации ВМРО-ДПМНЕ се обидува да дискредитира и да наметне лажен наратив преку повторување на невистини.
Граѓаните заслужуваат точни и проверени информации, наместо манипулативни конструкции.
ТИМ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (ЦХТМ)