• Latest

Манчевски: Владата е само алатка за спроведување на промените во медиумите

November 22, 2017

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Манчевски: Владата е само алатка за спроведување на промените во медиумите

November 22, 2017 16:14
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Цврсто стојам на ставот, за кој некои од новинарските здруженија ми замеруваат, дека владата не смее да биде моторот на реформите во медиумите. Мислам, самото е иронично да се каже – „владата да биде мотор на реформи во медиуми. Не смее!“, изјави Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација на денешната меѓународна конференција за „Е-општество“ на тема „Слобода и приватност“.

На конференцијата Манчевски истакна дека двигатели на промените треба да бидат новинарските работници, новинарските здруженија, самите медиуми.

„Нам како влада, единствена амбиција ни е да им обезбедиме простор, дебата и механизам. Ние сме алатка за спроведување на тоа што тие мислат дека треба да се направи. Ние сме тука за нив да ги слушнеме и сме спремни за било какви измени на било кој предлог текст“, истакна тој.

„Во делот на слободата на изразување и тука ќе го поврзам и делот со реформите во медиумската сфера започнавме еден процес во којшто сакавме најинклузивно и најтранспарентно да бидат вклучени сите заинтересирани страни, медиумските претставници, нивните здруженија, особено медиумите, невладините организации, здруженијата на новинари и буквално сите заинтересирани поединци. Во тој контекст ги изложивме промените на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, ја водиме дебатата и ќе ја продолжиме се додека не го најдеме најдоброто можно решение“, вели Манчевски.

Во однос на моменталната состојба со медиумите и медиумскиот простор тој вели: „Јас имам мои лични ставови особено во делот на интернет порталите дека дел од проблемите коишто не доведоа до оваа ситуација во медиумската сфера е токму тоа дека одредени портали коишто пласираа одредени вести, никогаш не ги декларираа своите уредници. Ние не знаеме кој стои зад тие портали. Нивните сопственици се во некои оф-шор дестинации. А таквите вести беа преземани од мејнстрим медиумите во Македонија и беа пласирани како главни вести. За жал ние станавме многу познати во цел свет како извор на лажни вести. Моето објаснување за ова, повторно ќе кажам мојот личен став е дека ние живеевме во општество на лажни вести осум години. Младите во оваа земја се израснати во општество на лажни вести, тие не знаат за друго. За нив тоа е во ред“.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Дамјан МанчевскиМедиумиреформи
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ