• Latest

Маричиќ: „Едно општество за сите“ ја смени политичката слика во државата

December 17, 2021

24 ЧАСА: Обвинети три лица за дивите депонии во „Вардариште“; за Сикорски тврдењето за украинска провокација е руска пропаганда; некои македонски медиуми премолчуваат дека руски дроновите упаднаа во Полска; бруталната реалност на московско-пекиншкиот „мултиполарен“ свет

September 11, 2025

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

September 11, 2025

Азизи: ДУИ платиле насилници да тепаат млади Албанци и да ја запалат џамијата во Попова Шапка – АА бара истрага од Обвинителството: ВЛЕН си играат со оган и меѓурелигиска омраза

September 11, 2025

РЕАКЦИИ: Обоени таблички – вистинска реформа или забава за народ?

September 11, 2025

Од „бастион“ на ДУИ, до „Чаир на Изет“

September 11, 2025

Ангелов: „Вардариште“ го чува агенција за обезбедување, по изборите Владата и новиот скопски градоначалник ќе се зафатат со трајно решение за депониите

September 11, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“

September 11, 2025

Судскиот совет нема да постапува за време на локалните избори

September 11, 2025

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Маричиќ: „Едно општество за сите“ ја смени политичката слика во државата

Концептот Едно општество за сите е политички концепт, што според мене, ја промени политичката слика на државата. Она што беше направено и на изборите во 2016-та и наваму, гледаме дека комплетно го смени однесувањето на дел од актерите, на главните актери. Имавме и на овие локални избори коалиции што не сме ги виделе претходно, предизборни коалиции помеѓу партии коишто се од различна етничка припадност, и  сметам дека е тоа една нова вредност, вели министерот за правда за ЦИВИЛ Медиа.

December 17, 2021 08:04
in ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На панел – дискусијата „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“, која се одржа на 15 декември 2021 како дел од годинешното издание Конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2022“, преку специјално интервју на оваа тема учествуваше и министерот за правда во Владата на Северна Македонија, Бојан Маричиќ.

Каква е состојбата со спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“? Каде има напредок, кои се слабостите и предизвиците? Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за 2022 година? Овие прашања им беа поставени на сите учесници на панелот, претставници на институциите и граѓанскиот сектор од неколку ресори и области.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој е воедно и дел од оперативното тело на Владата за спроведување на Стратегијата, нагласи дека самото донесување на оваа Стратегија е еден храбар чекор и сериозен исчекор на Владата, дека сака приоритетно да се занимава со ова прашање.

„Ние се сеќаваме дека во претходни фази, претходни влади го користеле прашањето на меѓуетничките, меѓукултурните и други разлики како поле за политичка битка, политички провокации, политички манипулации и инциденти кои оделе на штета на граѓаните. Донесувањето на оваа Стратегија го смени просторот и атмосферата за делување и сметам дека е тоа еден сериозно позитивен чекор“, истакна Маричиќ во интервјуто за „Перспективи 2020“.

Министерот Маричиќ смета дека Стратегијата, со оглед на околностите, годинава се спроведува со добра динамика, двете тела што ја следат нејзината имплемантација се целосно функционални во сите седум области што се покриваат и дека очекува таа да се спроведе целосно.

„Веќе сме на половина на имплементацијата на оваа стратегија. До крајот на наредната 2022 година очекуваме целосна имплементација, секако, освен таму каде што има некоја „виша сила“ и не може да се спроведе. Меѓутоа, генерално, мислам дека добро оди спроведувањето на оваа Стратегија“, оценува Маричиќ.

Тој објасни дека институциите се фокусирани и на правната рамка, и на правичната застапеност, но и на внесување поинаков дух во образованието, во културата, во односите меѓу младите, за препознавање на различностите, механизмите за надминување на конфликтите, борба против говорот на омраза, лажните вести и сè што може да придонесе за меѓуетничките и меѓукултурните тензии во општеството.

Маричиќ зборуваше и за предизвиците во однос на спроведувањето на Стретегијата.

„Пандемијата сериозно ни ги успори процесите, тоа е факт, особено во делот на јавна промоција на резултатите, но и на јавна промоција на принципите на едно и еднкаво општество за сите како и интеркултурализмот. Мислам дека ова е долгорочен процес и така треба да го гледаме, меѓутоа тоа не значи дека не треба да правиме мали чекори кои што ќе не носат до големи разултати“, вели Маричиќ.

Според него, приоритет мора да бидат образованието и културата, затоа што секогаш полесно оди спроведувањето на стратегиите во делот на измена на законите и ангажманот на институциите, а секогаш треба повеќе внимание на области што не зависат од државата и нејзиното дејствување туку и од други фактори. Вклучувањето на различни структури кои покажуваат вистинска желба за спроведување на овој концепт му даваат на Маричиќ надеж дека принципот на Едно општество за сите и интеркултурализмот ќе заживее во сите области.  Секогаш може подобро, вели тој, и тоа е предизвикот за 2022 година.

„Концептот Едно општество за сите е политички концепт, што според мене, ја промени политичката слика на државата. Она што беше направено и на изборите во 2016-та и наваму, гледаме дека комплетно го смени однесувањето на дел од актерите, на главните актери. Имавме и на овие локални избори коалиции што не сме ги виделе претходно, предизборни коалиции помеѓу партии коишто се од различна етничка припадност, и  сметам дека е тоа една нова вредност. Од друга страна, партиите што го одбиваа радикално концептот Едно општество за сите, на некој начин, во нивното политичко делување и коалициски капацитет, се соочија со тие последици“, посочи Маричиќ.

Според него, има уште многу сериозни чекори што треба општеството да ги направи.

„Тука мислам и на медиумите, тука мислам и на образовните институции, тука мислам и на културните институции, тука мислам и на политичките партии, конечно, и на секој граѓанин. Мислам дека чекорите во вистинска насока се да правиме што повеќе конкретни проекти, конкретни работи, конкретни форми на соработка, преку кои овој концепт ќе живее“,  вели Маричиќ.

Според него, овој концепт не може да заживее ако остане само на ниво на политичка идеја, која ќе се спроведува преку законите или правичната застапеност, кои се само еден сегмент од концептот, туку дека граѓаните ќе се чувствуваат многу попријатно доколку имаат можност директно да учествуваат во неговото креирање и спроведување.

„Затоа, мислам дека посветеноста на креирањето на новата Стратегија од 2023-та натаму ќе треба да биде во  координација, комуникација, консултација со поширок круг на граѓански чинители, секако и државни органи, државни институции, за да можеме да го заокружиме тој процес како општествен, не само како институционален и државен“,  смета министерот за правда Маричиќ.

Тој воедно апелираше до сите чинители активно да се ангажираат во креирањето на содржини за овој концепт и нивно спроведување.

„Само така ќе го чувствуваме сите овој концепт за свој, само така ќе дадеме придонес, само така ќе можеме и да го критикуваме таму каде што мислиме дека не е во ред или може подобро, и само така ќе оставиме едно убаво наследство за идните генерации, да можат веќе да го надградуваат тој концепт, наместо да го градат одново и да почнуваат од нула“, порачува Маричиќ во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа и Конференцијата „Перспективи 2022“.

 

интервјуираше: Петрит Сарачини

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ