• Latest

Маричиќ: ЕУ го признава и вложува во нашето духовно и културно наследство, заедно работиме на негово зачувување и заштита

August 31, 2023
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Затишје што не навестува ништо добро

July 23, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: ЕУ го признава и вложува во нашето духовно и културно наследство, заедно работиме на негово зачувување и заштита

August 31, 2023 11:01
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во рамки на Кампањата „Ние сме Европа”, го посети еден од најстарите манастири во скопскиот регион, манастирот Свети Пантелејмон, во кој беа вложени европски средства за целосно реновирање на ѕидините и амбиентот околу него.

Вицепремиерот Маричиќ во изјавата дадена при посетата на манастирот рече дека македонското културно наследство, македонскиот идентитет, македонскиот јазик се дел од европското наследство и дека ЕУ тоа го признава, верификува и вложува во нивна заштита.

– Тоа нè прави дел од европското културно и духовно наследство, но тоа покажува дека Европската Унија се грижи зачувување и развој на културното и духовното наследство не само на своите народи, туку и на државите кандидатки, рече Маричиќ, порачувајќи дека треба да сме горди на нашето културно и духовно наследство, да работиме на негово зачувување и да направиме напори влеземе во Европската Унија што побрзо бидејќи како што рече вицепремиерот „ЕУ е подготвена уште повеќе да вложи во заштита и развој на македонското културно и духовно наследство“.

Интегрален текст од изјавата на вицепремиерот Маричиќ:

„Денес сме во манастирот Свети Пантелејмон еден од најстарите манастири во скопскиот регион.

Манастир од дванаесеттиот век којшто е еден од одразите на нашите длабоки корени нашето културно наследство и духовното наследство на македонскиот народ.

Тука сме како дел од кампањата „Ние сме Европа“, за да потенцираме дека нашето културно наследство нашиот идентитет нашиот јазик и нашето културно наследство се дел од европското наследство.

Тоа го признава и верификува Европската Унија. Впрочем европски пари преку прекуграничната програма со Косово се вложени во реновирање на манастирските ѕидини и на целиот амбиент околу манастирот.

Тоа нè прави дел од европското културно и духовно наследство, но тоа покажува дека Европската Унија се грижи зачувување и развој на културното и духовното наследство не само на своите народи, туку и на државите кандидатки.

Затоа треба да сме горди на нашето културно и духовно наследство и да работиме на негово зачувување и така горди со своето културно и духовно наследство да влеземе во Европската Унија што побрзо затоа што таа е подготвена уште повеќе да вложи во негова заштита и негов развој.

Тоа е така и не може да биде поинаку затоа што ние сме Европа“.

Tags: ЕУНие сме ЕвропаСвети Пантелејмон
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ