• Latest

Маричиќ: Нова поддршка од ЕУ за побрз и полесен процес на преговори

December 1, 2022
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Нова поддршка од ЕУ за побрз и полесен процес на преговори

December 1, 2022 10:40
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Секретаријатот за европски прашања, во пресрет на почетокот на новиот проект „Поддршка за реформи на политики, пристапување и ефективност (SUPRAE)“, финансиран од Европската Унија, се одржа првиот состанок на кој присуствуваа заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ и шефот на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин.

Вицепремиерот Маричиќ, во своето обраќање  ја потенцираше важноста на ЕУ проектите во спроведувањето на реформите и ја изрази неговата благодарност за поддршката од страна на ЕУ во процесот на преговори со ЕУ.

 – Самиот процес на преговори бара градење на нашите институционални и административни капацитети, но и реализација на планот за реформи. Убеден сум дека спроведувањето на овој проект ќе го направи процесот на пристапување подобро рационализиран, а резултатите очекувам да дадат јасна стратешка рамка со добро дефинирани цели и задачи, како на национално, така и на секторско ниво, рече Маричиќ.

Според него, проектот SUPRAE е еден од најважните активни проекти во Секретаријатот за европски прашања кој во следните три години спроведување ќе обезбеди поддршка во процесот на пристапување на земјата, не само за Секретаријатот за европски прашања, туку и за сите релевантните институции во овој процес.

Проектот ќе се фокусира на спроведување на три компоненти, и тоа: Зајакнување на стратешкото планирање, известување и комуникација, воспоставување на стратешка, методолошка и оперативна рамка за процесот на пристапување и унапредување на програмирањето, користењето и проценката на ЕУ фондовите од страна на надлежните институции.

–Сите три компоненти на проектот подразбираат поддршка за програми за обука, регрутирање, подигање на јавната свест и комуникација што треба да придонесе за подобро разбирање на јавноста за улогата на ЕУ и процесот на пристапување во целина, дигитализација на одредени аспекти од преговарачкиот процес и подобро управување со фондовите на ЕУ. Сето ова треба да биде од корист и за Секретаријатот и за сите институции и државни службеници вклучени во процесот на пристапување, информираат од Секретаријатот за европски прашања. 

Tags: ЕУМаричиќреформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ