• Latest

Маричиќ од Тирана: Паѓаат цените на роамингот со што се засилуваат врските меѓу Западен Балјан и ЕУ

December 6, 2022

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ од Тирана: Паѓаат цените на роамингот со што се засилуваат врските меѓу Западен Балјан и ЕУ

December 6, 2022 15:54
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, е дел од македонската делегација предводена од премиерот Ковачевски на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Тирана.

Маричиќ од Тирана вели дека одржувањето на Самитот на ЕУ со земјите од Западен Балкан, во земја преговарач со Унијата, е позитивен сигнал за регионот и потврда за нашата европска перспектива. Тој додава дека денешното потпишување на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан со што ќе поевтинат цените на роамингот всушност е директен механизам за интензивирање на конекциите и комуникациите меѓу граѓаните од Западен Балкан и граѓаните од ЕУ, а сигурно ќе има позитивен ефект и врз мобилноста на граѓаните, во двата правци.

„Од 2023 година се намалуваат трошоците за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан, за потоа и целосно да се отстранат. Ги зајакнуваме односите со ЕУ и ја движиме Северна Македонија во вистинска насока, а граѓаните почнуваат да ги чувствуваат резултатите. Потпишувањето на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан оператори, пред почетокот на Самитот на ЕУ-Западен Балкан, доаѓа после една и пол година од успешната имплементација на Регионалниот договор, со кој се елиминираа трошоците за роаминг во рамките на Западен Балкан“, пишува на Фејсбук-профилот на Маричиќ, најавувајќи дека покрај бројните заеднички теми кои ги имаат државите од Западен Балкан со ЕУ, сепак во фокусот ќе биде евроинтеграцијата на регионот и политиката на проширување на ЕУ.

На маргините на Самитот, Маричиќ со премиерот Ковачевски имаа средба со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседателот на Европската Комисија – Жозеп Борел, на која е потврдено дека обединувањето на Западен Балкан во европското семејство останува геополитички приоритет на Унијата.

Лидерите од ЕУ и Западен Балкан ќе одржат две пленарни сесии на кои ќе разговараат за европската перспектива и политиката на проширувањето на ЕУ, заедничките предизвици во областа на миграцијата, сајбер криминалот, а во фокусот ќе бидат и последиците од војната во Украина и надминување на енергетската криза.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ