По повод Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков, со рекција на Фејсбук се огласи министерот за правда, Бојан Маричиќ.
– Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите.
Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство.
Судот иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството.
Апелирам до Судскиот совет да испита по кој основ судиите ја донеле оваа одлука, напиша Маричиќ на фејсбук.