ЦИВИЛ организира јавен настан на тема „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“, утре, 23 јуни 2021, со почеток во 13 часот, во хотел Парк Резиденс (зад градскиот фудбалски стадион), Скопје. Настанот се предвидува да трае 70 минути.
На почетокот на јавниот настан ќе има 10-минутна презентација на проектот „Европски перспективи, следно ниво“ и најава за активностите на ЦИВИЛ за време на изборниот процес.
Веднаш по презентацијата следи панел дискусија на која ќе зборуваме за измените во Изборниот законик, конструктивноста на политичките чинители во постигнување договор прифатлив за сите, изборни реформи во контекст на промена на изборниот модел, досегашни постигнувања, очекувања и препораки, но и предизвици во контекст на локалните избори.
На панелот ќе учестуваат министерот за правда, Бојан Маричиќ, Халил Снопче, пратеник и претставник од Алијанса за Албанците, потпретседателка на Државна изборна комисија Дитмире Шеху, Борис Кондарко, член на ДИК, Арбер Адеми од ДУИ и Џабир Дерала, претставник на ЦИВИЛ.
Настанот е дел од проектот „Европски перспективи, следно ниво“ кој го спроведуваме со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Проектот обединува повеќе компоненти од кои едната е „Локални избори, следење и известување; придонес кон реформите во изборниот систем“.
Настанот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ. Реадакциите можат да ја преземат снимката од ЦИВИЛ според лиценцата Creative Commons. Содржините што ќе произлезат од настанот на медиумската платформа на ЦИВИЛ можат да се преземат со Creative Commons 4.0 (атрибуција и линк).