• Latest

Маричиќ: Со Јадранско-јонската иницијатива политички и економски го јакнеме регионот

May 16, 2022
Фото: ССНМ

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

May 16, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025

Украина ќе добие 84 милиони долари од Светска банка за обнова на станбена инфраструктура оштетена во војната

May 16, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Германскиот канцелар ѝ се заканува на Русија со нови санкции поради непојавувањето на Путин на разговорите во Истанбул

May 16, 2025

Реакции: „Ќе им дадат помош пред избори и ќе ги обработат да не протестираат повеќе“; „Туѓи деца, не ги боли“; „Ќе дадат свој предлог пред избори и ќе го усвојат“…

May 16, 2025

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската унија

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 50 Палестинци се убиени откако Израел започна офанзива во северна Газа

May 16, 2025

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
MZR Kashmir

Индија разгледува план за намалување на водоснабдувањето на Пакистан со нов проект за реката Инд

May 16, 2025

Европа „слетa“ во Тирана, опозицијата на Бериша протестира против изборите

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Маричиќ: Со Јадранско-јонската иницијатива политички и економски го јакнеме регионот

May 16, 2022 18:59
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ, денеска учествуваше на седмиот годишен Форум на макро-регионалната Стратегија на ЕУ за јадранскиот и јонскиот регион (EUSAIR), кој се одржува во Тирана, Албанија. 

Како што соопштија од СЕП, на заедничкиот министерски состанок, министрите задолжени за фондовите на ЕУ, членките на ЕУСАИР и министрите одговорни за ЕУ, на кој учествуваше Маричиќ, беа разменети добри практики, беше споделена политичката визија и насоката на спроведувањето на ЕУСАИР, како и приоритетите за реализација во следниот период.

– Инструментите како ЕУСАИР се додадена вредност на процесот на проширување каде што земјите-пристапнички во ЕУ се претставени на рамноправна основа со земјите-членки на ЕУ и воспоставуваат позитивна соработка меѓу нив и ги пренесуваат добрите практики и искуства во регионот на Западен Балкан, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ, како што се посочува, потенцирајќи го значењето на оваа стратегија за соработката и синергијата помеѓу земјите во поширокиот Јадранско-јонски регион, ја истакна потребата од уште поблиска соработка меѓу европските земји, за зајакнување на односите на ЕУ и нејзините земји-членки со земјите од Западен Балкан и што е најважно, забрзување на процесот на пристапување во ЕУ за регионот.

– Посилниот и поотпорен Западен Балкан сам по себе води кон посилен и поотпорен јадрански и јонски макро-регион, што ја прави Европската Унија посилна и поотпорна, додаде Маричиќ.

Вицепремиерот и национален ИПА координатор учествуваше и на панел – дискусијата посветена на европската интеграција на Западен Балкан и Зелената агенда.

Во однос на Зелената агенда која произлегува од Европскиот зелен договор, вицепремиерот Маричиќ истакна дека Владата се погрижи клучните реформи кои произлегуваат или се меѓусебно поврзани со Зелената агенда да бидат интегрирани во клучните плански документи, како оние поврзани со помошта од ЕУ, односно Стратешкиот документ ИПА III, како и во релевантните национални стратегии за претстојниот период.

– Реалното спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан е можно преку спроведување конкретни активности и иницијативи на национално и на локално ниво преку реформи кои бараат големи финансиски средства – од националните буџети, како и поддршката што ја дава ЕУ преку ИПА и другите инструменти со кои располага останува да биде најсигурен извор на финансирање, посочи Маричиќ.

Тој потенцираше дека Економскиот и инвестициски план на ЕУ предвидува значителен износ за проекти на земјите од Западен Балкан за транзиција кон зелена енергија, климатска акција и други сектори, како и дека новиот пакет ИПА III за програмскиот период 2021 – 2027 година издвојува околу 100 милиони евра за нашата земја, надополнети со други извори достапни преку регионалните инструменти и дополнети со други јавни и приватни инвестиции.

– Со оглед на околностите во Европа и војната на континентот, мораме да го земеме предвид влијанието на прераспределбата на средствата на ЕУ за Западен Балкан во помош за Украина, што сигурно ќе ја намали финансиската поддршка за инвестициската агенда. Ова бара од нас да се прегрупираме и да ги поставиме приоритетите за да се адаптираме на најновата финансиска состојба на ниво на ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ

На состанокот беше усвоена и Декларација во која еден од анексите потврдуваат дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува геостратешка инвестиција во стабилна, силна и обединета Европа и ги препознаваат досегашните напори на Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ врз основа на процесот на пристапување заснован на заслуги и условеност, со барање за охрабрување на земјите-членки на ЕУ да го забрзаат патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан, особено со одредување датум почеток на преговорите со Албанија и Северна Македонија за време на француското претседателство, како и доделување на кандидатски статус на Босна и Херцеговина што е можно поскоро.

Северна Македонија стана дел од Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион во 2020 година, и активно учествува во регионалната соработка.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ