Додека граѓаните мирно протестираа на релацијата Собрание – Министерството за труд и социјална политика, во еден момент, околу стотина млади луѓе, со камења, шишиња, тврди предмети, одеднаш почнаа да фрлаат врз полицијата. Нападот врз полицијата наликуваше на инцидентите на 5 мај, кога маскирани вандали фрлаа со камења, дури и врз девојките и жените кои ги штитеа полицајците.
[youtube width=”600″ height=”344″]https://www.youtube.com/watch?v=bfUNN9YH5rs&feature=youtu.be[/youtube]
Додека траеше судирот повредени се неколку специјалци, а камерманот на ЦИВИЛ Медиа е повреден во ногата. Демонстрантите извикуваа: „Вратете ги парите!“, „ВМРО к.. да пушите“, „Нема правда, нема мир!“…
Додека вандалите фрлаа камења кон специјалците, друга група на граѓани им се спротивставија и дојде до мал физички инцидент меѓу демонстрантите. Граѓаните коментираа дека вандалите се намерно испратени, само за да иницираат инциденти и да се фрли дамка врз граѓанскиот протест. Полициски кордон, со цистерна со „воден топ“ зад него, ги разбија демонстрантите на крстосницата пред „Палома бјанка“.
Потоа, демонстрантите се упатија пред Владата на Република Македонија