• Latest

Матичната собраниска комисија не го усвои Извештајот за работата на Судскиот совет

June 6, 2018

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(БИДЕО) Келог: Ако Путин победуваше, ќе беше во Кијив, западно од Днипро, на Одеса, и ќе ја сменеше владата – Русија губи

September 15, 2025
Фотографија: Unslash

Локални избори во Германија: Германија: ЦДУ на Мерц е на пат да победи во Северна Рајна Вестфалија, АфД остварува голем напредок

September 15, 2025
Фото: Сјриншот од видео на Game Play

Нетанјаху е единствената пречка за враќање на заложниците дома, велат семејствата на киднапираните Израелци

September 15, 2025

Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје

September 15, 2025

Дводневен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на MIRROR NOW

Старлинк на Маск не работи на целата фронтовска линија во Украина, интернет услугата претрпе глобален прекин

September 15, 2025
Фото: Фејсбук група „Стоп за Вардариште“

Стоп за Вардариште: Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци”, бараат трајно решение за депониите

September 15, 2025
Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

Манипулативна злоупотреба на поимот „хибридни напади“: Кога државата си измислува непријатели

September 15, 2025

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Матичната собраниска комисија не го усвои Извештајот за работата на Судскиот совет

June 6, 2018 17:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за политички сиситем и односи меѓу заедниците на денешната седница не го усвои Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2017 година. „За“ Годишниот извештај се изјасни еден пратеник, а седум беа „против“. 

Претениците од владеачкото мнозинство порачаа дека Судскиот совет не ужива легитимитет и повеќе не треба да го води суството и додадоа дека само купува време и се обидува што повеќе да остане актуелната состојба во судството. За извештајот рекоа дека не нуди решенија и само ја констатира состојбата.

Како што истакна генералниот секретар на Судскиот совет Анита Андоновска во образложението, во 2017 година Советот избрал пет судии и тоа по еден во Врховниот суд и Апелацискиот суд во Битола, и тројца во Апелацискиот суд во Скопје. Во текот на годината вкупно во работа имало 603.211 предмети од кои 480.370 новопримени, а 123.205 пренесени од претходната година како нерешени. Вкупно се решени 503.680 предмети.

– Тоа значи дека судовите во целина работеле ефикасно и ажурно и  успеале да го совладаат приливот на новопристигнати предмети и да го намалат заостатокот  за 25.272 предмети…. Во текот на 2017 година Советот не изврши избор на судии за дел од испразнетите места во судовите, бидејќи сите кандидати кои ја завршија почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители се избрани за судии и јавни обвинители, туку само ја искористи можноста за времено упатување на судии од еден во друг суд, рече Андоновска и додаде дека се донесени одлуки за времено упатување на пет судии и тоа најдолго  за една година.

Извршен е избор, посочи, и на претседатели на Врховниот суд, Апелацискиот суд Штип, Управниот суд, Основниот суд Гевгелија, Основниот суд Крушево, Основниот суд Свети Николе, Основниот суд Скопје 1, Основниот суд Куманово, Основниот суд Ресен и Основниот суд Тетово.

– Во текот на 2017 година Советот избра и 168 судии поротници, донесе одлука со која е утврден престанок на функцијата судија поротник во 18 случаи по сопствено барање, во 1.180 поради истекот на мандатот, во три случаи поради навршени 64 години старост и во еден случај поради смрт. Постапуваше по седум барања за разрешување на судија од кои  две беа поведени во 2016 година. Едното од нив беше отфрлено како нецелосно, а другото како недозволено. За еден судија од останатите пет барања донесе решение со кое утврди нестручно и несовесно вршење на функцијата. Против ова решение е поднесена жалба и предметот е испратен на одлучување  до Жалбениот совет на Врховниот суд. За еден судија е запрена постапката за утврдување на несовесно и нестручно вршење на службата, а за останатите постапката е во тек, рече Андоновска.

До Советот, додаде, беа поднесени шест барања за повторување на постапката по повод донесените пресуди на Европскиот суд за човекови права  во Стразбур. За пет од нив Советот дозволи повторување на постапката и се во тек, а по едно  каде претходно беше дозволено повторување на постапката Советот донесе решение со  кое утврди нестручно и несовесно вршење на судиската функција.  Против тоа решение е поднесена жалба и предметот е испратен на одлучување во Жалбениот совет на Врховниот суд.

– Од страна на Советот се донесени и одлуки за престанок на функцијата судија и тоа кај 21 судија поради навршени 64 години старост, кај двајца поради смрт и кај еден по сопствено барање, рече Андоновска.

Претеничката Анета Симеска Димоска од СДСМ посочи дека Извештајот е површен и не содржи ништо од препораките на Прибе. – Од извештајот се добива впечаток дека работата во судството е идеална и е без ниту еден критичен збор, рече Симеска Димоска.

Во реплика Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ иако е една година на власт ништо не направил во судството и цела година, како што кажа, им поминала во креирање тело за реформи во судството на кое на крај на чело се ставил лично премиерот. На тоа, Симеска Димоска посочи дека го ослободиле судството од политичките притисоци и притисоците од извршната власт и додаде дека премиерот е на чело на телото за реформи во судството заради негова поголема ефикасност.

Илиоски, пак, нагласи дека поставувањето на премиерот на чело на телото за реформи е еден вид на благ притисок на судската власт. – Веднаш откако беше избран за премиер вети генерален реизбор на сите судии. Не е ли и тоа директен притисок врз судсвото, бидејќи од позиција на премиер не смее да се искажува директна закана, рече Илиоски.

Симеска Димоска неговото обраќање го оцени како обид да се дефокусира седницата и да се говори за премиерот, а не за Судскиот совет. Побара да каже еден судија кој е разрешен во изминатата година по препорака или мислење на Владата.

Комисијата на денешната седница го разгледа и Предлог законот за изменување на Законот за инспекциски надзор, во прво читање, поднесен од претенци од владејачкото мнозинство, и со осум гласа„за“ и три „против“ заклучи дека е прифатлив и оти може да се даде на натамошно читање.

Со измените се предвидува кандидатот да има најмалку една година работен стаж во инспекциските служби за да може да полага стручен испит за добивање лиценца за инспектор. Досега беше неопходно пет години работен стаж, а измените како што посочија предлагачите се за да се доекипираат инспекциските служби и да се зајакне нивниот капацитет.(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: гласањеГодишен извештајлегитимитетСобраниеСудски совет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ