• Latest

Меџити: „Онкологија“ ќе има разрешница, ќе се знае со име и презиме кој е крив

September 8, 2023
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Меџити: „Онкологија“ ќе има разрешница, ќе се знае со име и презиме кој е крив

September 8, 2023 15:30
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека случајот „Онкологија“ ќе има разрешница. Ќе се знае точно, со име и презиме, кој го прекршил законот, а ќе има и соодветни последици. Како што изјави денеска, на негова иницијатива, тој е во постојана комуникација со МВР и со Обвинителство и прашува до каде е постапката.

Досега, рече, во Министерството за здравство не се пристигнати поплаки од пациенти или нивни блиски во однос на Онкологија, но апелира граѓаните да пријават какви било сомнежи за евентуално неправилно лекување.

Според Меџити, Министерството за здравство е максимално отворено и транспарентно за соработка зашто сака да придонесе за што поскоро расчистување на случајот.

Остапки нема да има, подвлече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новата опрема во ГОБ „8-ми Септември“.

Тој тврди и дека откако е дојден на фунцкијата, се постапува најригорозно за да не се дозволат какви било злоупотреби или нерегуларности, а така ќе биде, нагласи, и понатаму. Според него, тоа што е веќе направено, не може да се реши преку ноќ.

-Ни сме многу отворени и транспарентни. Како никогаш досега прв пат под мое водство сите истражни органи влегоа на Онкологија за да се испита точно што е проблемот. Е сега, ние не можеме таму да се мешаме. Обвинителството и истражните органи работат интензивно. Ние сме во постојана комуникација и со министерот за внатрешни работи и со обвинителствата и се што треба од наша страна – документи, плус советувања, тука сме за се да придонесеме за случајот што побрзо да се реши. Ви гарантирам како министер за здравство дека ќе има разрешување на случајот и нема целата лекарска фела да биде под притисок. Ќе има точно име и презиме кој се огрешил и тој ќе сноси последици. Досега во Министерството, колку што знам, нема поплаки и јас во неколку наврати повторувам, апелирам, граѓаните да пријават, да не е само на зборови – некој нешто слушнал или некој нешто кажал. Ние во здравството се темелиме на тоа што е стручно и професионално. Има врвни професионалци и на Клиниката за онкологија и во Клиничкиот центар и не можеме да се водиме од тоа што некој кажал. Здравството е сериозна материја и ние така постапуваме. Од првиот ден како министер го знаете мојот став. Министерството за здравство е сериозна институција и ние нема да отстапиме. Како никогаш досега, најтранспарентно, најотворено се што треба ние сме во редовна комуникација со обвинителството и со МВР и да знаете и секогаш под моја иницијатива секој ден сме во комуникација и ги прашувам до каде е постапката. Целта е еднаш засекогаш тоа што го рече и премиерот да имаме разрешница и да се знае со име и со презиме кој е виновен и кој се огрешил пред законот, потенцира Меџити.

Тој потсети на недостигот од кадар, со напомена дека и ова прашање ќе се реши. Најави дека на Клиниката ќе има нови вработувања.

-Потребно ќе биде време, но работиме интензивно во врска со вработувањата и кадарот. Ја знаете и таа тематска седница на Влада со тие вработени што по 4-5-6 години немаат решение. Сега ќе имаат, ќе има нови вработувања, има покачување на платите во здравство. Се работи насекаде. Навистина макотрпно работиме работите да се средуваат, а за тоа ви гарантирам од наша страна, од моја страна како министер, рече министерот.

Во врска со апаратот на Онкологија што беше прмовиран лани, Меџити рече дека се уште не е во функција зашто на Клиниката нема физичар. Воедно информира дека има и нов акцелератор кој „фаќа прашина“, но се прават напори да биде сервисиран и да се стави во употреба што најверојатно ќе се случи, како што рече, до Нова година.

– Ние гледаме колку тоа ќе чини, но тоа што можам со гаранција да го кажам е дека деновиве демонтираме еден стар апарат што е при крај со работењето и нормално, ќе бидеме во контакт со компанијата за да можеме да видиме колку е сервисирањето на новиот апарат за да се стави во употреба. Пред два месеца беше компанијата што го донела КАТО системот на Клиниката за онкологија, но од тогашниот директор не знам зошто е прекинато со тој систем. Тој кажувал на зборови, немаме ништо на хартија или на документ, кажувал дека не било исплатливо, дека биле големи трошоците за тој апарат – систем да функционира, но како и да е, ние сега ги разгледуваме сите можности. Навистина немавме отворени раце да работиме заради ребалансот на буџетот и сега веќе имаме ребаланс и брзо мислам дека ќе се демонтира ова недела што доаѓа и новиот апарат ќе се стави во употреба. Мислам дека пред Нова година тоа ќе биде реално, истакна министерот.

Има, додаде, и уште еден апарат – донација, што не е во добра состојба.

-Со сервисери ќе се договориме за тоа да видиме дали е исплатливо да се стави во употреба или да се размислува со идниот буџет да се донесе нов акцелератор, но тука мора да се поврзува и за штипската болница која се гради седум години. Таму веќе има еден апарат што исто така фаќа прашина, ама таму проблемот е малку покомплициран, бидејќи ќе ни треба уште еден бункер да се изгради и мислам дека со буџетот од 2024 година ќе биде реалност и по седум години тој апарат ќе се стави во функција. Таму го прекинавме тој договор што не се градеше штипската болница и веќе има активирана банкарска гаранција. Тоа кажува дека сме многу сериозни и ригорозни во овој проблем и нема да дозволиме веќе ниту една здравствена институција да тапка во место и да не се гради 15, седум или 30 години. Размислуваме уште понатаму да направиме уште неколку центри низ Македонија на што веќе се работи. Има и кадар, ако треба ќе дисперзираме од Клиниката за онкологија, Штип кажав, Тетово исто брзо ќе биде ставен во функција и Битола. Значи, со ова еднаш засекогаш го растеретуваме и Клиничкиот центар и Клиниката за онкологија од овие пациенти и нормално пациентите со овие комплицирани дијагнози да не можат до Скопје да патуваат, знаете ова се тешки терапии, компликации да патуваат тоа уште повеќе го отежнува, ќе ги примаат таму каде доаѓаат со адреса во најблиските центри, објасни Меџити. мч/аа/

фото: принт скрин

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ