• Latest

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026 06:38
in АКЦЕНТ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во период кога Северна Македонија се наоѓа на крстопат помеѓу забрзувањето на евроинтеграциите и влијанието на „српскиот свет“ во регионот, Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) излезе со остар повик до Владата. Партијата бара итно прекинување на, како што велат, „изолационистичката политика“ и сузбивање на негативното влијание на „српскиот свет“, со цел државата да се врати на европскиот пат.

„Ја повикуваме Владата и парламентарното мнозинство да го спречат негативното влијание на “српскиот свет“ и да ја вратат Северна Македонија на европскиот пат. Влада која мисли на граѓаните не треба да го игнорира Извештајот за напредокот на Северна Македонија, таа треба сериозно да се посвети на реформите кои ЕУ ги бара од нашата држава“, се вели во соопштението на СДА.

Оваа реакција доаѓа само неколку дена откако Европскиот парламент на пленарната седница на 17 јуни го усвои најновиот Извештај за напредокот на Северна Македонија. Документот, кој СДА го оценува како реален приказ на состојбите, испрати јасни пораки до македонските власти: неопходни се длабоки реформи, владеење на правото и широк меѓупартиски консензус.

Европските пораки задушени од раскошната роденденска прослава

Симболично или не, денот кога европратениците во Стразбур дебатираа и гласаа за македонскиот напредок, во земјата доминираше сосема поинаква атмосфера. Токму на 17 јуни, додека Европскиот парламент со 411 гласа „за“ го усвојуваше извештајот, владејачката ВМРО-ДПМНЕ го прославуваше својот 36-ти роденден со голем, раскошен настан на стадионот во Струмица. Наместо државниот фокус да биде насочен кон забелешките од Брисел, јавниот простор беше преплавен со популистичка и националистичка реторика.

Извештајот, подготвен од известувачот за Северна Македонија, австрискиот европратеник Томас Вајц, укажува на ограничениот напредок во клучните области како што се судството и борбата против корупцијата, но воедно ја потврдува и обврската за спроведување на преземените билатерални договори.

Предупредување за регионалните наративи и странското мешање во Извештајот

Она што ја надополнува загриженоста на СДА Македонија е делот од Извештајот во кој Европскиот парламент директно се осврнува на геополитичките ризици. Во усвоениот текст, европратениците изразуваат сериозна загриженост поради малигното странско мешање, кампањите за дезинформации и обидите за дестабилизација на државата.

Покрај стандардното нотирање на руското и кинеското влијание во регионот, резолуцијата на Европскиот парламент експлицитно ги осудува и растечките илиберални тенденции кои се прелеваат од соседството. Во овој контекст, европратениците го потенцираат политичкиот концепт на „српскиот свет“ како регионален наратив кој директно ја загрозува европската ориентација и стратешкиот правец на Северна Македонија.

Во својот говор пред Европскиот парламент, Вајц ја истакна потребата од внатрешно обединување за да се надминат овие предизвици:

„Мораме да го наградиме напредокот во регионот за да ја одржиме мотивацијата, особено во Северна Македонија… Но, во земјата е неопходно да се создаде сојуз помеѓу позицијата и опозицијата за да се придвижат потребните реформи напред.“

Овој повик за „сојуз меѓу позицијата и опозицијата“ се пресликува и во соопштението на СДА Македонија, која ја повика Владата да ја прифати „подадената рака од опозицијата“ за остварување на стратешката цел – влез во ЕУ до 2030 година, заедно со Црна Гора и Албанија.

Извештај што помина во тишина

Иако повикот од Брисел беше јасен, а СДА Македонија алармираше на опасностите од регионалната изолација, факт е дека усвојувањето на критичкиот извештај на Европскиот парламент помина речиси незабележано во пошироката јавност. Освен неколкуте протоколарни изјави од владините претставници кои извештајот го протолкуваа единствено како „потврда за европската перспектива“ и предупредувањата од СДА и дел од опозицијата, за жал, во земјата не беа забележани позначајни реакции.

Вести и анализи на Извештајот на ЕП беа објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ и во неколку други медиуми, но тоа само успеа да го истакне контрастот во однос на тишината во јавноста. А што се однесува до „главниот настан“ во земјата, владејачката партија не одговори ниту на новинарските прашања од Редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА за тоа колку и чии пари биле потрошени за прославата во Струмица. Поточно, одговори со една реченица: „Прославата чини колку на Заев и Филипче еден викенд во Дубаи со Харис Џиновиќ.“ (прочитајте повеќе ТУКА).

Недостасуваше сериозна политичка, експертска и јавна дебата за клучните критики што ги нотираше Брисел. Оваа апстиненција на јавниот дискурс остава впечаток дека политичките кругови во чии раце е европската иднина на земјата, повеќе се фокусирани на внатрепартискиот рејтинг и славеничкиот популизам, отколку на реалното соочување со структурните реформи кои ЕУ ги бара од државата. Доколку ваквиот тренд на игнорирање на реалноста продолжи, предупредувањата на СДА за пропуштање на следниот бран на проширување би можеле да станат неизбежна политичка реалност.

Џ. Дерала / Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ