• Latest

Меѓу одговорноста, концентрацијата на моќта и амнестијата на криминалот

May 12, 2020

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Меѓу одговорноста, концентрацијата на моќта и амнестијата на криминалот

Секоја тешка закана за демократијата и за човековите права и слободи, ударите врз демократските институции и врз мирот и стабилноста во земјата, сѐ што според Уставот и законите претпоставува сериозни санкции, се решава на – лидерска средба. Тајни или јавни, на бензински пумпи, во кабинетот на претседателот, во владата, во амбасадорски резиденции, на непознати локации...

May 12, 2020 15:32
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Македонската политичка култура е исполнета со интересни феномени кои не секогаш се среќаваат во земјите со развиена демократија. Еден од македонските политички специјалитети, освен честите предвремени парламентарни избори, е културата на лидерските средби.

Навикнавме, веќе децении наназад, лидерските средби да бидат онаа „институција“ во која се решаваат суштинските проблеми во нашата земја. А проблемите не се малку на број. Имавме лидерски средби и во 2001 година, кога требаше да се надмине воениот пожар во нашата земја. Лидерски средби имавме и кога беше актуелна територијалната поделба. За да се надминат многу сериозни и тешки кризни политички состојби, повторно – лидерски средби.

Така, лидерски средби имаше и по Црниот понеделник, 24 декември 2012 година кога специјалната полиција ги тепаше опозициските пратеници и новинарите во Собранието. Кризата во 2015 година се надминуваше, повторно, преку лидерски средби и преговори меѓу партиите во таканаречениот Пржински процес.

Да се разбереме, во нашата земја се одржуваат лидерски средби кои имаат многу посериозни последици односно резултати и ефекти, отколку што има, да речеме, едно Собрание! Највисоката законодавна институција во државата не може да се пофали со ефекти какви што имаат лидерските средби – констатација што е можеби претерана, но не и далеку од вистината.

Лидерските средби станаа релативно редовни по падот на режимот, особено кога се работи за прашања поврзани со изборите, со реформите во правосудството… Лидерски средби, претежно неуспешни, се одржуваа во текот на процесот на донесување на Законот за Јавно обвинителство, кога ја видовме сета моќ, но и сета нерегуларност на „институцијата“ лидерски средби кои се претежно насочени кон „омекнување“ на криминалните структури, регистрирани како политички партии.

Кога, во октомври минатата година, лидерот на СДСМ повика на брзи парламентарни избори два месеци подоцна, но тој повик пропадна, токму поради лидерската средба што уследи. На лидерската средба се донесе одлука спротивна на логиката на тоа што подразбира поимот брзи избори. И лидерска средба се организира кога треба да се одреди датум за изборите кои дополнително ги одложи пандемијата.

Се работи за една култура на собирање на неколкумина најмоќни политичари кои одлучуваат за нешта што би требало да бидат дел од процес, општествен и политички, да се одвива во Собранието, во јавноста, во експертските кругови… Тоа е пракса на донесување одлуки од кои потоа сите трпат последици, а најмногу демократијата, без оглед на тоа дали исходот од таквите средби е позитивен или негативен. Тоа што би требало да го работи Собранието, пак, останува на маргините на општественото и политичкото живеење.

Дали културата на лидерски средби, всушност, е политичка култура, култура на дијалог и консензус? Без сомнение, да. Политичкиот дијалог во секоја демократска земја е многу важен процес, неодминлив! Меѓутоа, ако сѐ се сведе на лидерски средби, за да може, ете, да се слушне гласот на опозицијата, кога се прави во таков формат, со многу ограничен број на луѓе кај кои се концентрира огромна моќ на одлучување, демократската алатка се претвора во оружје против демократијата. Во такви услови, една неодговорна опозиција може да налага темпо на процесот и да води кон одлуки и процеси што се надвор од институциите, а одговорноста ја преземаат оние што ги раководат институциите, односно оние што се на власт.

Ваквата пракса е можеби потребна за држава што не е стабилна, каде што демократијата е на многу ниско ниво. Меѓутоа, за држава која е демократска и се наоѓа на брзата патека кон Европската Унија, ова не би требало да биде пракса. Лидерските средби би можеле да бидат на одредени општо нивоа, за одредени општи стратегиски определби, да се разговара за прашања кои не се суштински, бидејќи тие се работа на институциите.

На лидерските средби, на крајот, победници се оние што се во опозиција. Без оглед на тоа што се смета дека одговорноста за одлуките е споделена, сепак, одговорноста е кај оние што ги раководат институциите на државата. Затоа, вреди да се размисли, дали ќе се продолжи со развој на културата на лидерски средби или треба да се развива политичката култура во која на прво место е владеењето на правото. Бидејќи, од ваквата пракса, најголема полза имаат најдеструктивните политичари, а штета трпат оние што се одговорни кон стратешките интереси на државата.

Да не говориме за концентрацијата на моќ што е својствена за ваквиот начин на одлучување за важни прашања во државата.

Да заклучиме… Секоја тешка закана за демократијата и за човековите права и слободи, ударите врз демократските институции и врз мирот и стабилноста во земјата, сѐ што според Уставот и законите претпоставува сериозни санкции, се решава на – лидерска средба. Тајни или јавни, на бензински пумпи, во кабинетот на претседателот, во владата, во амбасадорски резиденции, на непознати локации… Но, секогаш со ограничено присуство на јавноста, а никако со учество на некој што не е доволно „голем“.

Затоа, мораме да го прифатиме фактот дека не ѝ служат на демократијата и владеењето на правото… Лидерските средби се бајпасирање на системот, а често се и начин на кој неформално се амнестираат политичките партии и нивните криминални структури за деструкцијата и криминалот.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ