Иако првичната идеја беше настанот да се одржи на отворено, на обновеното плато пред МКЦ, поради најавите за врнежи на дожд, концертите ќе се одвиваат во сала Фросина, со лимитиран број на публика. Сепак на платото ќе биде поставен видеобим и аудиоразглас на кој во живо ќе биде емитувана програмата што се одбвива внатре во салата. Влезот е слободен, бројот на посетители е намален, а носењето маски е задолжително за време на целиот настан.
Настанот ќе започне со промоција на првото издание на ЗЏМ Рекордс, Dzijan Emin & Magical Orchestra – Live in Ohrid, ап отоа следуваат Апнеа, Дина Јашари Бен, Brahma Trio, Квартет Пролет, Гордан Спасовски Трио – концертна промоција на албумот и Pangea free the world group.
Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, Град Скопје, Делегација на Европска Унија и МКЦ.