• Latest
Глобалната соработка ги поттикнува напорите за почитување на човековите права, борба против климатските промени и промовирање на мирот во регионите погодени од конфликти.
Фото: ООН

Меѓународен ден на мирот: ЦИВИЛ повикува на итно и активно дејствување во борбата за мир во светот

September 21, 2025

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Меѓународен ден на мирот: ЦИВИЛ повикува на итно и активно дејствување во борбата за мир во светот

September 21, 2025 14:11
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Глобалната соработка ги поттикнува напорите за почитување на човековите права, борба против климатските промени и промовирање на мирот во регионите погодени од конфликти.
Фото: ООН

Глобалната соработка ги поттикнува напорите за почитување на човековите права, борба против климатските промени и промовирање на мирот во регионите погодени од конфликти. Фото: ООН

Share on FacebookShare on Twitter

На Меѓународниот ден на мирот, ЦИВИЛ – Центар за слобода,  ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти, волонтери, како и граѓанските здруженија, политичките субјекти, да дејствуваат сега за мирен свет и да се приклучат на сите мирољубиви луѓе ширум светот во одбележување на Меѓународниот ден на мирот.

Меѓународниот ден на мирот и оваа година нè потсетува колку лесно може да се наруши и распадне мирот во светот. Темата на кампањата на ОН за 2025 година е: Дејствувајте сега за мирен свет

Воената агресија против Украина, војната во Газа, но и сите воени и други конфликти во светот, повикуваат на обединување и одбрана на правото за мирно и достоинствено живеење во демократски и праведни општества каде поделеноста, омразата, насилството, борбата за власт и моќ на сметка на човековиот живот и достоинство ќе станат минато.

Со силна поддршка за Украина и украинската нација, ЦИВИЛ повикува на обединување на светот во заложбите за ставање крај на руската агресија и обнова на мирот и стабилноста на Украина. Многубројните изгубени човечки животи да бидат и последни што ќе сведочат за хоророт и деструкцијата што војната ги носи со себе.

ЦИВИЛ стои на ставот дека мирот, слободата и еднаквоста се вредности кон кои се стремат и граѓанките и граѓаните на Северна Македонија, како и нејзините демократски институции. Тие вредности треба сите заеднички секојдневно да ги вреднуваме и промовираме. Негувајќи го мултикултурализмот наспроти меѓуетничките конфликти, промовирајќи ги заложбите за европските и зелените вредности, наспроти националистичките наративи, дезинформациите и пропагандата. заеднички ќе ја извојуваме битката за демократско и праведно општество.

Tags: Меѓународен ден на мирот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ