„На 8 април ни треба храброст да потврдиме дека припаѓаме на група која е подеднакво вредна за етничките мнозинства. Тоа не е барање за помош, него тоа е разумно позиционирање за да со интелект, храброст, доверба, лојалност и сила ја постигнеме нашата цел во општествата каде што живееме. Тоа значи да ги ставаме точно во центарот на нашето битисување и да приоѓаме не од позиција на слабост, апатија и безнадежност, туку од место на достоинство, вредност и сила. На 8 април, ние всушност кажуваме дека нашиот политички идентитет ја надминува нашата етничка култура и нашата заедничка историја. Гледајќи кон иднината, нашиот политички идентитет мора да се заснова на нашите заеднички аспирации и колективна сила“, истакна Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите во Владата на РСМ, на дебатата на ЦИВИЛ „На ‘балот’ за човековите права на Ромите“.
Тој додаде дека човековите права се константна тема која ги тангира граѓаните.
„Јас како советник за инклузија на Ромите можам да кажам еден мал елаборат за тоа како беше и како одиме. Оние најранливите во самата заедница останаа во маргините и во маалата и тука најмногу затаи теренската работа и затоа треба да градиме доверба и да постигнуваме резултати.
Ние успеавме да создадеме групација на образовани луѓе која може да ја превеземе одговорноста и да зборува и да прави нешто повеќе за својата заедница.
Во однос на мерките кои што владата ги прави, несомнено почнав од овој сегмент, мораме да го преобратиме нашиот фокус кон најранливите. Имаме категорија на луѓе кои немаат образование и не се во образовниот систем. Ние мораме што поскоро да почнеме една кампања со министерствата и невладините организација за вклучување на сите ромски деца во образованието.
Би се осврнал на 3 главни цели: Првото е стабилизација, тука мислам на стабилен систем во кој сите категории ќе бидат вклучени и реализација на зацртаните цели. Во новата стратегија мора да се обрне посебно внимание на најранливите категории. во сите ромски маала мора да се направат соодветни услови за домување.
Владата за прв пат прави мечинг фонд со Реди од 2 милиони евра за формализација и развој на бизнисите.
Д.М.
камера и монтажа: Ариан Мехемти
фотографија: Биљана Јордановска