• Latest

Мерко конечно се одважи преку Фејбук: Ќе бидам отворен за соработка со правосудните органи

June 26, 2023
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мерко конечно се одважи преку Фејбук: Ќе бидам отворен за соработка со правосудните органи

June 26, 2023 12:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кој од неодамна е ставен на црната листа на САД, соопшти дека ќе биде отворен за соработка за секој процес пред правосудните органи и оти и општината и тој навреме ќе ја достават секоја потребна документација.

– Од претседателот Вилсон па сѐ до ден денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга, наведува Мерко.

Тој, како што напиша на ФБ страната на опоштина Струга, не сакал да комуницира во корист на процесите, за кои вели „ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи“.

– Во интерес на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на важните процеси за сите. На крајот, сакам да му се заблагодарам на секој граѓанин за поддршката низ годините, но и поддршката што не ја штедевте и овие денови за кои, убеден сум, ќе ги надминеме заедно за да создадеме услови за подобар живот на стружани и за Струга што ја сакаме, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук страната на Општина Струга.

Претходно, од Јавното обвинителство на РСМ информираа дека четиричлена комисија од јавни обвинители од ЈОРСМ денеска врши надзор на постапувањето во предметите поврзани со струшкиот градоначалник во Основното јавно обвинителство Струга и Вишото јавно обвинителство ЈО Битола.

Од Јавното обвинителство најавија дека по целосните проверки на постапувањето, комисијата ќе изготви извештај.

Обвинителството во четвртокот соопшти дека има шест активни предмети против струшкиот градоначалник. Оттаму посочија дека исклучително сериозно ги земаат предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на Мерко врз постапките.

Фото: Цивил архива

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ