„Се знае кои се последиците и кои постапки треба да се преземат, доколку во Генералниот секретаријат на Владата биле вработени лица, кои што земале плата, а не доаѓале на работа. Јас за ова дознав од медиумите, а институциите треба да проверат и реагираат, ако е тоа вистина“, порача Александар Михајловски, еден од носителите на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение го објавуваме неговиот целосен одговор на прашањето на ЦИВИЛ Медиа: „Кој е коментарот на реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ, по информацијата дека во Генералниот секретаријат на претходниот Владин состав, на платен список биле преку 100 граѓани, коишто воопшто не доаѓале на работа, а само за минатата 2016 година, ним им биле исплатени околу 830 илјади евра од државниот буџет, пари од граѓаните?“
Моника Талеска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Даниела Нисева