• Latest
Никица Корубин

Мигдонците од протоколот

August 19, 2022

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

Мигдонците од протоколот

August 19, 2022 12:03
in ТОП 5
Никица Корубин

Никица Корубин

Share on FacebookShare on Twitter

НИКИЦА КОРУБИН

Читајќи ги препораките од заедничката комисија за образовни и историски прашања, кои се претпоставува дека треба да се однесуваат на учебници од основно и средно образование, за кои и се дадени препораки; видно отскокнува една конкретна препорака, препораката број пет, која се однесува на учебниците по историја за 6 одделение кај нас; и вели:

„При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (како на пример, Пајонците, Дарданците, Мигдонците).“

И не би било ништо спорно, доколку ја немаше заградата и примерот кој во неа е даден, односно за кои антички заедници тоа се однесува: Пајонците, Дарданците и Мигдонците. Тоа веднаш го отвара прашањето, дали, како и зошто се претставени овие антички заедници и зошто тие се проблем. Но, кратко прелистување на учебникот од 6 одделение, не само што го дава одговорот на ова прашање, туку може метафорички да биде одговор на многу посуштинско прашање: колку нашата научна мисла, сите овие години, сериозно се занимавала со периодот на протоисторијата, класичниот, хеленистичкиот период? Затоа што одговор на овие дилеми не можат јасно и прецизно да дадат ниту студентите на археологија и историја на уметност, класични студии или историја, а не па децата од 6 одделение. Значи, што вели нашиот учебник од 6 одделение:

„Според митологијата, Македонците воделе потекло од митскиот херој Македон. Територијата на Македонија ја населувале повеќе македонски племиња. Најголеми и најпознати племиња биле Бригите, Пајонците, Пелагонците, Линкестите, Орестите и Едонците.

…

За Илирите има малку пишани извори, но затоа има голем број материјални остатоци. Илирите прв пат се спомнуваат во изворите во петтиот век пред н.е. Тие биле сродни со Хелените, Македонците и Тракијците. … Блиски со нив биле и Дарданците.“

Толку небулози, невистини и конструкции има во само овие две реченици, во кои ги барав и најдов Пајонците и Дарданците. Моите Мигдонци од насловот не успеав да ги најдам. На кои секако не им е местото во учебник од 6 одделение, а уште помалку во препораки за истите, бидејќи станува збор за многу тесен и стручен научен пристап, кој никако не може да биде наменет за основно образование. Туку, треба да биде предмет на многу научни студии, за тој период, меѓународно верификувани, кои разбирливо, кај нас ги нема. И како резултат на тоа што ги нема, нашата научна позиција, автоматски е крајно ослабена.

Да се вратиме малку на Пајонците и Дарданците од нашиот учебник за 6 одделение. Освен што е проблем како се претставени (неточно), уште поголем проблем е што практично никако и не се претставени. Особено Пајонците, чија територија на населување е токму денешната Северна Македонија, и малку пошироко. Тие треба да имаат централно место во прикажувањето на историјата од тој период, а не да бидат скандалозно историски неточно претставени како „племиња“, па уште „македонски (од тоа време)“ хронолошки постари од Македонците. Слично како и Дарданците виз-а-ви, комплексниот термин на Илирите, исто така Хомеровски стари. Како, впрочем и самите Тракијци. И како шлаг, „сродноста“ на Илирите, Хелените, Македонците и Тракијците.

И затоа, Пајонците и нивното прикажување ќе биде сугестија од страна на комисијата, кога веќе нашата „научна мисла“ заборавила да ги стави, во својата „научна елаборација“ во учебникот од 6 одделение. Дека, „идентитетот сакаат да ни го земат“. А, Мигдонците, некој да не ги виде? Сигурно се во комисијата со Грција.


Текстот е личен став на Авторката.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ