Сашо Мијалков, осомничен во истрагата „Империја“ за перење пари е осуден на три години ефективен затвор откако денеска призна вина во спогодба со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
Како што дознава сдк.мк деновиве, судија за извршување на санкции треба да му даде упатен акт за во затвор, а на Мијалков му се конфискува недвижен имот од околу 30 милиони евра во корист на државата. Ќе му се конфискуваат и шест милиони евра готовина.
Од почетокот на месецов, на отслужување на едногодишната затворска казна за „Империја“ е Орце Камчев, кој исто така призна вина и се спогоди со Русковска