• Latest

Сведоштво на Зоран Мијалков за секојдневната борба за достоинствен живот на неговите деца

November 6, 2019
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сведоштво на Зоран Мијалков за секојдневната борба за достоинствен живот на неговите деца

November 6, 2019 13:58
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Мијалков е еден од основачите на здружението „Сплотени срца“, здружение на родители на деца и возрасни со аутизам и сродни состојби, но и еден од иницијаторите на Инцијативата „5 до 12“ која до пред некоја година беше многу активни во борбата за остварување на човековите права и достоинствен живот за лицата со попреченост.

Во разговор за ЦИВИЛ Медиа, Мијалков зборуваше за секојдневните предизвици на здружението, идеите и замислите за подобрување на состојбата на лицата со попреченост, од една страна, и институционалните пречки за нивно спроведување, од друга страна, како и за предизвиците своето дете да го запише во училиште. Мијалков е татко на две деца со аутизам.

„Состојбата на лицата со посебни потреби е катастрофална, да не се лажеме. Се трудат нешто да направат институциите, ама сето тоа е без наша консултација. Во нормалните земји прво се прашуваат оние што имаат проблем. Во Штип има два центри за лица со попреченост и не функционираат како што треба, нема доволно стручен кадар, иако вработените се трудат колку толку, треба да се влезе и да се види,“, вели Мијалков оценувајќи ја накратко состојбата на лицата со попреченост.

Иницијативата „5 до 12“ настанала како резултат на спознанието дека заедно организациите ќе бидат посилни отколку поделени по посебни целни групи на лица со попреченост.

„Идејата беше конечно да се избориме за системски решенија. Ги ставивме на хартија и ги доставивме до министерот за труд и социјална политика, од времето на ВМРО-ДПМНЕ, па на Фросина Ременски, па на крајот и на Мила Царовска. Ги доставивме дури и  на партиите, бидејќи знаеме, за жал, дека институциите кај нас се само театар, а партиите се тие што го имаат крајниот збор. И во еден центар што ќе се отвори не се гледа најстручниот и најдобриот кадар што ќе работи со децата, туку тој што е погоден за партија. Од иницијативата „5 до 12“ се откажаа некои здруженија затоа што поголемиот дел од другите ги одбивме оние убави грантови, што беа, пак, насочени само за една категорија  на лица со попреченост. На некој начин тие што заминаа од иницијативата, се продадоа. Иницијативата ја ставивме во мирување, а ние што останавме доследни дека ќе се избориме за системски решенија решивме да формираме фондација“, изјави Мијалков.

Со оваа фондација, истакна Мијалков, ќе си помогнат сами на себе, со оглед дека институциите не се заинтересирани. За следните планови, Мијалков најави дека ќе ја пуштат наскоро и веб-страницата на Фондацијата за собирање донации за рехабилитацискиот центар што сакаме да биде во Штип, со замисла за 9 такви центри низ земјата.

„Социјализацијата на децата со попреченост оди многу бавно, од една страна е генерално прифаќањето од општеството, а од друга страна понекогаш вината лежи и во самите родители. Тие ги кријат децата, не сакаат да излегуваат со нив во јавност. Кај нас ако не излезеш во јавност како да те нема. Институциите нема да те приметат. Во нормални земји самите институции бараат начин како да им помогнат на овие семејства, без потреба од јавно прикажување. Кај нас, буквално кога детето ќе ти се роди со попреченост ти луташ во системот“, истакна Мијалков зборувајќи, пред сè од сопствено искуство во борбата за достоинствен живот на своите деца, но и на сите останати што се наоѓаат во ваква ситуација.

Но, она што е најважно, што семејството извојува една мала победа, успевајќи по два месеци лутање низ институциите, со дозвола дека едната вакцина не смее да ја прими едно од децата,, поради ризик од влошување на здравствената состојба, онака како што се случило со прво дете, успеа да го запише во училиште. Тој пресреќен објави и видео каде се слуша неговиот гордост и среќа во неговиот глас, додека неговиот син влегува во училишната зграда на ООУ „Ванчо Прке“, Штип.

ЦИВИЛ, не само што даде морална поддршка на семејството, туку влијаеше оваа неизвесност и институционални пречки да се надминат.

Биљана Јордановска
во соработка со Симона М. Живкова

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ