Комисијата за заразни болести ќе предложи зголемување на бројот на часови на полицискиот час доколку се покаже дека граѓаните не ја почитуваат сегашната која важи од 21 до 06 часот, изјави епидемиологот д-р Владимир Микиќ, во интервју за „Топ Тема“.
„ Се обидуваме да одиме постепено, што е можно помалку да го пореметиме веќе нарушеното нормално живеење. Секако дека можеме да го воведиее полицискиот час да биде 18 часот доколу тоа се злоупотребува од граѓаните. Подобро е да издржиме еден или два месеци отколку да имаме ситауација како во Италија“, рече д-р Микиќ.
Засега сеупте се разгледува можноста да се огранични движењето на возрасните лица и возрасната граница.
„На возрасните лица, точната саатница сеуште се утврдува за да ги избегнеме утринските гужви но и за да им се дозволи на луѓето да продолжат со колку толку нормален тек“, изјави д-р Микиќ.
Тој додаде дека ќе се зголеми бројот на автобуси во шпицот за да се избегант гужви во нив.
„ Најлесно за нас како епидемиолози е да кажеме дека не треба да има јавен превоз, но тоа ќе повлече лавина на други проблеми, проблеми кои исто така ќе бидат големи.Зголемување на број на автобуси во шпиц часови ќе биде одлична за да се избегнат гужби.Ова е една од ретките ситуации кога патниците во атбоусите да носат маски“, рече д-р Микиќ.
извор: Телма