Во Македонија интернет користат 1.503.000 луѓе или 72,2 отсто од населението, а милион граѓани се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет Ворлд Стат“.
Од земјите во регионот, повеќе од Македонците интернет користат во Словенија (75,5 проценти) и во Хрватска (74,4 проценти). Зад Македонија се рангирани Црна Гора (69,9 проценти), БиХ (69,3), Грција (69,1), Србија (67,1), Албанија (66,4) и Бугарија (59,8 проценти).
Во Европа интернет користат 659,6 милиони луѓе, а Фејсбук 343,2 милиони.
Глобалната он-лајн мрежа најмногу се користи во Исланд и во Норвешека, речиси 100 проценти од жителите, а најмалку интернет корисници има во Украина 52,5 проценти. Според „Интернет Ворлд Стат“, во светот има 3,88 милијарди интернет корисници или 51,7 отсто од вкупната светска популација, а 1,7 милијарди луѓе имаат Фејсбук профили.