• Latest
Автопатот И-25, САД, дел од Пан-Американската магистрала долга 30.000 километри (фото извор: Википедија)

Мини‑делница, макси‑пропаганда

July 15, 2025
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Мини‑делница, макси‑пропаганда

July 15, 2025 17:54
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Автопатот И-25, САД, дел од Пан-Американската магистрала долга 30.000 километри (фото извор: Википедија)

Автопатот И-25, САД, дел од Пан-Американската магистрала долга 30.000 километри (фото извор: Википедија)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Го читам текстот на колегата Дехран Муратов, насловен „Изградбата на автопатот Кичево-Охрид со лажица, кампањата на Мицкоски со багер“. Одличен, како и секогаш, Дехран прецизно ја слика гротеската на македонската политика и евтиниот политички пропаганден театар на власта за делницата од автопатот со должина од неполни 20 километри.

Во текстот, нашиот новинар ја отсликува македонската политичка реалност и преку турканицата околу заслугите за тоа кој, всушност, го изградил патот.

Па читателот ќе заклучи дека патот се градел повеќе од една деценија. И дека во првата проекција бил некои „ситни“ 375 милиони, ама стасал до 600 милиони. Кинески пари. И добро ќе ни дојде потсетувањето дека тоа е тој пат за кој Груевски се фемкаше да не е провизијата од 5% (15-18 милиони, веројатно евра) премногу.

Хахаха, евергрин се муабетиве, нели?

И прочитајте го текстот на Дехран, да не го прераскажувам сега тука. Ене го линкот, во првата реченица.

Туку, друго ми е зборот. Овде пишуваме за 20 (а не е ни толку) километри. Некој што доаѓа од нормална земја, сигурно ќе помисли дека се работи за печатна грешка и дека веројатно се работи барем за 200 километри. И тогаш би било смешно. За 11 години – или колку беа – со толку голема инвестиција – 600 милиони – сите се истепаа да се пофалат. Од друга страна, кога можеа онака да се фалат за двата километри (да, двата!) до Блаце, ова за нив е Пан-Американска магистрала (30.000 километри).

Малку податоци за споредба. За 10 години, во Индија, од 2014 до 2024 година се завршени повеќе од 95.000 километри автопатишта, а во САД, од 1980 до 2008 (20 години) се завршени повеќе од 100.000 километри. За 11 години, Германија изградила автопатишта во должина од 3.800 километри, од 1930 до 1941 година.

А Нашата земја изгради пропаганден систем што сантиметрите ги претвора во километри – во секоја област.

Буквално сите што некогаш седнале на фотелја во изминатите десетина години, сосе оној во Будимпешта, се грабаат за заслугите – дека тие изградиле делница од патот што просечен човек пешки ја минува за 4 часа. Другар ми Јане рече дека може и побрзо.

Луѓе, се работи за неполни 20 километри пат. За кој политичарите од сите ќошиња на политичкиот спектар се фалат дека го изградиле. Мислиш дека самите земале казми, лопати, багери и камиони, па го граделе 11 години.

Не го изградиле фирми со пари на граѓаните, туку тие. Така испаѓа. Но… Ништо тие не изградиле! Само системот за мачкање очи и крадење функционира.

И да повториме: Не се 2.000 километри, а не се ни 200, туку само неполни 20… А кренаа прашина до небо.

Да читав дека ова се случува во друга земја, ќе се смеев, ама многу ќе се смеев. Вака, океј, се смеам, ама кисело.

Бидејќи знам… За политичка фарса не е пресуден бројот на километри, туку бројот на микрофони, односно пропагандни усти што не престануваат да ломотат.

И си велам, кога дваесет километри пат стaнуваат ѓоа Пан‑Американска магистрала, тогаш нешто длабоко и суштински е болно во оваа земја.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ