поентира: Џевдет Хајредини
Не дали треба или дали сака да се повлече, прашањето е дали може да се повлече.
ИЗОСТАНАА НЕКОЛКУ РЕЗОЛУЦИИ
Имаше потреба од Конгресот на Партијата да излезат неколку други резолуции, како на пример:
1. Младите да не заминуваат, затоа што платите, без да одат на работа, како никаде во светот, ќе им се праќаат дома;
2. Да се повтори повикот на „лидерот“ исселениците да го следат чекорот на Скендербег и на преродбениците и да се вратат и со спечалените пари да ја развијат татковината.
3. Да се замолат повторно меѓународните претставници да учествуваат во познатите судски процеси.
4. Да се повика кичевскиот суд што е можно поскоро да му изрече максимална казна на Ел Чека.
5. Да прекинат сите истражни дејствија и судски процеси покренати до сега против функционерите на Партијата, особено тие за ТЕЛЕКОМ и ПАЦИЕНТ.
6. Да не се повтори заробувањето на државата и длабоката кризна состојба.
7. Уште еднаш да се констатира дека во редовите на Партијата немало криминал и корупција бидејќи истражните органи, и по повикот упатен од страна на нашиот „лидер“, не покренаа постапка за никого.
8. Да се отфрлат препораките на Прибе и на Венецијанската комисија, како и барањата на Парламентарното собрание на Советот на Европа и на германскиот Бундестаг.
ЛЕСНО Е ДА СИ ПРОТИВ
Лесно ни е да бидеме против овој „минишенген“, ние албанските „јунаци“, кои воопшто во животот не се соочуваме со последиците од недостигот на таков договор.
Но, не знаеме што се случува со тие стотици илијади Албанци кои, за да одат и се вратат во Европа, мораат да минат низ земјите со чии претседатели не смееме да разговараме.
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.