• Latest

Османи со честитка до Финска: Добредојдовте во НАТО, заедно сме посилни!

April 4, 2023
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Османи со честитка до Финска: Добредојдовте во НАТО, заедно сме посилни!

April 4, 2023 19:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Финска е нова членка на НАТО. Историски момент и важен чекор напред за понатамошно зајакнување на трансатлантската стабилност, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот профил на Фејсбук по повод приемот на Финска во членство во Алијансата.

Северна Македонија која денес титулата „најмлада земја членка на НАТО“ ја предава на нашиот најнов сојузник – Финска, останува силен поддржувач на политиката на Отворени врати на НАТО како една од најуспешните политики на Алијансата. Во денешната сложена безбедносна архитектура ваквиот чекор претставува силна потврда за единството на сите сојузници и значаен влог во целокупната трансатлантската сигурност. Очекуваме што поскоро да има напредок и во апликацијата на Шведска и земјата да стане дел од трансатлантското семејство пред НАТО Самитот во Вилнус, наведе Османи во честитката до Финска.

Како што соопшти МНР, Османи воедно ја истакна и силната политичка и практична поддршка за Украина, што е во фокусот на разговорите на Комисијата „НАТО – Украина“, на која учествува и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Финска беше примена во членство во НАТО на денешниот состанокот во Брисел на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата, на кој учествува и Османи.

На маргините на состанокот, Османи имаше средба со неговиот естонски колега Урмас Реинсалу, при што истакна дека имајќи ја предвид геополитичката ситуација, вклучително и во регионот на ОБСЕ, оваа Организација е, и треба да остане, една од најзначајните меѓународни платформи за дијалог.

Разговаравме и за останатите приоритетни прашања во работата на ОБСЕ за време на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата во 2023 година и напоменав како организација, ОБСЕ е потребна на светот како никогаш претходно, наведе на Фејсбук Османи, кој воедно е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

Tags: Бујар ОсманиНАТОФинскачеститкачленство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ