Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, денеска ќе биде погребан. Погребот, како што соопшти Сојузот на Ромите, е закажан за денеска, во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел.
Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19.
Министерството изрази сочувтсво до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби. Дополнително, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19.