• Latest

Министрите за култура на Северна Македонија и Бугарија се договорија да ги зајакнат контактите меѓу двете филхармонии, театри и музеи

May 31, 2021
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Министрите за култура на Северна Македонија и Бугарија се договорија да ги зајакнат контактите меѓу двете филхармонии, театри и музеи

May 31, 2021 14:54
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Министерството за култура на Бугарија, министерот Венцислав Минеков ја пречека својата колешка, министерката за култура на Северна Македонија, Ирена Стефоска. По средбата, министерката Стефоска за дописникот на МИА од Софија изјави дека со нејзиниот колега Минеков разговарале за продлабочување на културната соработка меѓу Софија и Скопје.

Одлична основа е постојната програма за културна соработка, која постои подолго време со Република Бугарија, рече Стефоска и додаде дека со тоа се отвораат нови можности за уште поголема соработка меѓу двете земји, како во областа на живата културата, така и во заштитата на културното наследство.

-Се согласивме дека постојниот договор од областа на културата, којшто е навистина многустран и сеопфатен, треба да се активира во сите негови области, коментира министерката Стефоска за МИА во Софија.

Двајцата министри се договорија од септември да започнат интензивни контакти меѓу филхармониите на Бугарија и Северна Македонија и да разменат посети. Според министерката Стефоска, сега тоа е потешко да се случи, заради состојбата на Ковид во двете земји. Договорот им овозможува на институциите директно да соработуваат едни со други, а ние, посочува таа, сме должни да создаваме услови и атмосфера за работа меѓу нив. Во рамките на пријателските односи, се очекува да се зајакнат контактите не само помеѓу двете филхармонии, туку и меѓу музеите и театрите.

Таа ја коментираше посетата на концертот на познатиот македонски пијанист Симон Трпчески во салата „Бугарија“ со нејзиниот бугарски колега министерот Минеков, велејќи дека тоа е пример за тоа како треба да работат.

-Ова е прва средба на министрите за култура меѓу Северна Македонија и Бугарија за две и пол години, коментира Ирена Стефоска и изрази уверување дека работите се одвиваат во вистинската насока во областа на културата.

Министерот за култура на Бугарија, Минеков, за МИА коментира дека се познава со неговата колешка само пет дена, но има чувство дека се познаваат подолго време и можат да помогнат во развојот на културните односи. Тој беше категоричен дека културата отвора граници.

Двајцата министри се согласија за време на состанокот во Софија да го олеснат преминувањето на бугарско-македонската граница за уметници и елементи од изложби во двете насоки за учество на изложби и други настани. Стефоска и Минеков разговарале и за учеството на фестивалот во Охрид, како и на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

По средбата со бугарскиот колега, министерката Стефоска го посети Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, каде  директорот Сашко Насев ја запозна со нивните активности и културни настани што ги организираат.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ