• Latest

Мишев: „Rent a gun“, нуспроизвод од трговијата со илегално оружје

February 17, 2022
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Мишев: „Rent a gun“, нуспроизвод од трговијата со илегално оружје

February 17, 2022 12:00
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Драган Мишев од Цивил, во рамки на настанот „Нелегалното оружје и организираниот криминал“ што се одржа вчера ( 16 февруари, 2022) зборуваше за појавата „славеничко пукање“ како посебен сегмент тесно поврзан со трговијата со нелегално орушје и организираниот криминал.

Една крајно негативна и ретроградна појава, тесно поврзана со трговијата, поседувањето и употребата на нелегалното оружје е Славеничкото пукање . За жал, оваа појава сеуште опстојува на овие простори, како остаток од некои минати времиња, одамна заборавени во повеќето цивилизирани земји. Тоа претставува сериозен ризик за безбедноста и здравјето на луѓето и секако е забрането со закон.

Бројни се жртвите од славеничкото пукање секоја година. Наместо прослава на некој настан – мртви и ранети, наместо радост – болници, полиција, судења, погреби.

Без разлика дали се пука на слави, свадби, родендени, раѓање на дете, или пак победа на омилената партија или кандидат на избори, има бројни  примери на трагични завршетоци, кога заскитан куршум убил или повредил случаен минувач или учесник на прославата. Без оглед на тоа колку славениците мислат дека го владејат оружјето, треба да се има на ум дека и најголемите професионалци грешат. Како што вели една стара поговорка, и празна пушка пука еднаш годишно.

Според законот за гравитација, секој куршум испукан во воздух мора да се врати на земјата. Колку што знам, овој закон се уште важи, и нема простор за негово заобиколување. Дупки во овој закон нема, остануваат само дупките од куршумите. И, во најголемиот број случаи, при ваквиот славеничкиот рафален изблик на радост се користи илегално оружје.

Мишев се осврна на една крајно деструктивна појава што е последица од трговијата со илегално оружје, а ја нарекуваат „rent a gun“.

Како нуспроизвод на трговијата со илегално оружје се појави дури и „инвентивен бизнис“ со изнајмување на оружје за славеничко пукање, таканаречена. „rent a gun“. Овие „бизнисмени“, „претприемачи“ со цел арсенал од најразновидно оружје и муниција во багажникот, доаѓаат на местото на веселбата, и за одредена сума пари,  го изнајуваат оружјето на веселиот гостин за да може рафално да ја искаже својата радост. За последиците најчесто слушаме од билтенот на МВР, а жртвите најчесто се случајни минувачи од блиската околина, неретко познаници, комшии, роднини, пријатели.

ЦИВИЛ  во изминатите 17 години  континуирано ја следи оваа негаивна појава и ја алармира јавноста и институциите за теми и настани поврзани со контролата на оружјето и спроведува кампања за јакнење на јавната свест за надминување на култот кон оружјето и насилството во земјата, Секоја година, ЦИВИЛ излегува со серија препораки за контрола на оружјето.

Како што е кажано претходно, славеничкото пукање е забрането со закон и е дел од традиција која им припаѓа на минатите векови кога луѓето немале телефони и други комуникациски алатки. Тоа е примитивно, опасно и незаконско

Крајно време е засегнатите страни во доменот на општеството, институциите и Владата да преземат сериозни чекори за надминување на култот кон оружјето и другите проблеми поврзани со оружјето.

Контролата на оружјето не е само полициска задача, туку тоа е дел од долгорочни и сеопфатни мерки за справување со култот кон оружјето, шверцот со нелегалното оружје и неговата (зло)употреба, потенцираше Мишев.

Д.Т.

Камера: Горан Наумовски

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ