Пратениците Горан Мисовски, Фросина Ташевска Ременски и Весел Мемеди денеска се избрани за потпретседатели на Собранието на Република Македонија.
Изборот на Мисовски, Ташевска Ременски и Мемеди помина без дискусија. Гласањето на пратениците за потпретседателите беше поединечно, а тие беа избрани со по 61 глас „за„ и еден воздржан и без ниту еден глас против.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на 34. пленарна седница на Собранието.
По изборот Мисовски, Ташевска Ременски и Мемеди дадоа свечени изјави.
Седницата продолжи со другите точки од дневниот ред.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.