По наоѓањето на безживотното тело на 42 годишник од Тетово вчера во близина на селото Нераште, Јавното Обвинителство соопшти дека по извршениот увид се дадени повеќе наредби со цел да се расчисти смртта за која првично има сомневање дека е резултат на кривично дело.
Лицето А.Б. (42) беше најден во возило, облеан во крв во главата, а на предното автомобилско стакло забележана е дупка од куршум.
Обвинителството соопшти дека е извршен увид на местото, а издадена е наредба да се подигнат возилото и сите траги за понатамошно вештачење. Побарани се и снимки од видеонадзор, додека се работи на откривање на сторителите, бидејќи постои сомнение дека станува збор за убиство.
Претходно сопругата на 42-годишниот тетовец, 33-годишната Б.Б. пријавила во полиција дека попладнето околу 18 часот тој излегол од дома со автомобилот „ауди“ и не се јавувал на телефон.















































